18 Мај, 2024
0.5884

Стопанска банка АД Битола со одлични резултати во третиот квартал

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

За периодот 1.1-30.9.2017 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат односно добивка во износ од 40,27 милиони денари што претставува значително подобрување во однос на резултатот остварен за истиот период од минатата година. Добивката главно е генерирана од повисоки приходи од тековното работење, наплата на отпишани побарувања евидентирани вонбилансно, издвоени помали загуби за оштетување на финансиските и нефинансиските средства.

Оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, исто така, бележи подобрување што се согледува преку финансискиот резултат пред исправка на вредност и загуба за оштетување, кој е поголем од минатогодишниот за 4,08%.

Анализирано по одделни позиции, приходите од камати бележат раст од 22,92 милиони денари во најголема мера како резултат на зголемено кредитирање на домаќинства, а во согласност со стратегиската определба на Банката за дисперзија на ризик.Паралелно со растот на вкупните депозити на Банката, расходите за камати се зголемени за 14,43 милиони денари споредено со остварените во периодот 1.1-30.9.2016 година, така што нето-приходите од камата се повисоки за 3,80%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци бележат пораст од 6,04%. Овој раст главно е генериран од приходната компонента каде што е регистриран апсолутен годишен раст од 11,78 милиони денари споредено со растот од 7,66 милиони денари на расходната страна.

Нето-приходите од курсни разлики се пониски за 1,53 милиони денари споредено со минатогодишното остварување, додека останатите приходи од дејноста бележат раст од 2,17 милиони денари (вонредни приходи од продажба на нетековни средства наменети за продажба и наплатени претходно отпишани побарувања).

Исправката на вредноста на финансиските средства и загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, се значително пониски споредено со минатата година, што укажува на подобрен квалитет на кредитното портфолио, како и намалено учество на преземениот имот во вкупната актива поради продажби и оштетување во согласност со важечката регулатива.

Трошоците за вработените не бележат крупни промени во однос на периодот 1.1–30.9.2016 година, додека амортизацијата е повисока за 13,57%. Останатите расходи од дејноста се поголеми за 8,04%, што главно е резултат на повисоки трошоци за одржување и унапредување на системите за работа и опремата.

Во согласност со деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционални кредити, одобрување нови изложености со прифатливо ниво на ризик и продажба на преземениот имот. Планираното проширување на дистрибутивната мрежа, како и понудата на иновативни производи и услуги се очекуваат да дадат соодветен придонес кон зголемување на клиентската база и остварување на планираниот раст на депозитниот потенцијал. Врз основа на ваквите активности, динамиката на раст на приходните позиции би била поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа