18 Јануари, 2025
0.0247

Стопанска банка АД – Скопје со донација за Клиниката за детски болести– апарат за ултразвучен преглед

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Здравјето на децата е основен цивилизациски приоритет, со оглед на тоа што иднината и се што денес се гради останува токму за нив. Препознавајќи го овој предизвик, Детската клиника во Скопје со генерации е симбол токму на подобрување на здравјето на децата во Македонија. Во битката да се овозможи подобра и навремена дијагностика и правилен медицински третман, Детската клиника се договори со Стопанска банка АД – Скопје за донација на апарат за ултразвучен преглед соодветен за примена кај најосетливата група на пациенти - новородени и доенчиња. Во рамки на својата улога на одговорен корпоративен субјект, Стопанска банка АД – Скопје ја реализираше донацијата и апаратот 6C2P на Shenzhen Mindray Electronics е поставен и успешно се применува согласно методата за дијагноза која Проф. Д-р Филип Дума ја постави пред 15 години. “Овој апарат служи за ултразвучен (неинвазивен и без ренгенско зрачење) преглед на мозочните структури кај новородени и доенчиња преку физиолошките отвори меѓу коските на черепот. Снимањата досега се изведуваа со постар апарат со ограничени можности. Новиот апарат кој го добивме како донација од Стопанска банка, поседува повисоки перформанси кои се во правец на користења за визуелизација на суптилни структури како и doppler проценка на крвните садови на главата и мозокот.„ Изјави Асс. М-р Др. Аспасија Софијанова, Директор на клиника за детски болести. “Во Стопанска банка АД – Скопје ја користиме секоја прилика што ја добиваме да им излеземе во пресрет на медицински центри како Детската клиника. На тој начин со нашата скромна донација помагаме да станат достапни врвни медицински инструменти, знаења и помагала до пошироката популација и со тоа да се помогне на бројни семејства. Горди сме што нашето место во корпоративното окружување го користиме за хумани цели и со тоа го оправдуваме слоганот „на ваша страна“ кој е дел од идентитетот на Банката.„ Изјави Диомидис Николетопулос, Главен Извршен Директор, Стопанска банка АД - Скопје. Стопанска банка АД – Скопје во изминатите неколку години донираше опрема и за Детската клиника Козле, на Клиниката за пулмологија и дополнително ја помагаше едукацијата и надградувањето на бројни доктори и медицински лица.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение