18 Мај, 2024
0.0301

Стопанството бара законски измени: Учениците завршуваат, а не знаат да работат

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Стопанствениците бараат законски измени со кои ќе се гарантира дека учениците кои завршиле соодветно образование имаат и квалификации да работат на струката. Во земјава над 80 отсто од невработените бараат работа повеќе од една година, а дури 70 отсто од нив немааат претходно работно искуство. Од Стопанската комора велат дека ова ќе се среди доколку во посебен член во законот, се дефинира дека образовната програма мора да се заснова на „Стандард на квалификација“ во кој се дефинирани резултатите од учењето кои треба да ги постигне ученикот и критериуми според кои ќе се вреднува дали се постигнати резултатите од учењето. Тврдат и дека мора да се воведе кредитен систем во стручното образование.

„Стандардот на квалификација фокусот го става на тоа што треба да знаат и за што треба да бидат оспособени лицата по стекнување на квалификацијата, а не што треба да учат. Механизмите за обезбедување квалитет мора да ги следат резултатите од учењето за да обезбедат подготвеност на завршените ученици за работа, бидејќи ученикот мора да поседува стручни знаења и практични вештини кои ги стекнал преку работно искуство со реализација на практична обука на реално работно место, вели Наташа Јаневска самостоен советник во Стопанската комора.


Вели дека е потребно наставниот план и програма почесто да се менуваат и да бидат во чекор со брзите технолошки и иновативни промени и потребите на бизнис заедницата. Затоа, според неа, потребно е и да се промени процедурата за промена на планот, затоа што моментно го одобрува министерот за образование, но нема казни или санкции ако пробива рокови, па најчесто тоа трае долго. Во земјава практичната работа законски е слабо уредена, а низа нелогичности, ја отежнуваат нејзината реализација.

Стопанствениците бараат дорегулација, особено кога станува збор за улогата на коморите во стручната настава. Јаневска вели дека Стопанската комора е единствената од коморите која е активно вклучена во процесот на промовирање на стручното образование и обука и реализацијата на практичната обука кај работодавач. Има забелешки сепак затоа што во ниту еден подзаконски акт на Законот за стручно образование не е уредено како и според кои критериуми се избира член од коморите во комисијата за завршните испити, ниту пак има има член во законот за тоа кој ќе врши надзор на реализацијата на практичната обука кај работодавач и работењето на Комората во овој процес за да се добијат реални сознанија дали квалитетно се реализира практичната обука кај работодавач во системот на стручното и дуалното образование и обука.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?