Стопете ги килограмите со помош на Азиската диета
Објавено во: Стил 09 Јули, 2014 17:25
Азиската исхрана е богата со здрави продукти, а освен ориз на секојдневното мени се наоѓа разновидно овошје и зеленчук кои се главни борци против килограмите. Дали знаевте дека Азијатките немаат проблеми со целулит? Тајната се крие токму во исхраната, а ако сакате да ја испробате азиската диета бидете подготвени на вкусна исхрана и богати оброци кои нема да ви здосадат.
Кај азиската диета не е важно колку јадете туку што јадете на дневна, неделна и месечна база. Оваа диета е многу здрава, а ако сте дисциплинирани може да очекувате неверојатни резултати.
Секојдневна исхрана
Оризот е главна житарка и се наоѓа на секојдневното мени. Но ако сакате понекогаш да го замените со некој друг прилог, тоа нека бидат интегрални макарони, пченка или интегрален леб ( што помалку ).
На секојдневното мени се наоѓа разновиден зеленчук и тоа во големи количини. Нагласок ставаме на морков, зелје, салата, спанаќ, кељ, блитва, лук и кромид. Јадете пред се свежо како салата со оцет и масло, но и варено.
За овошјето не треба посебно да зборуваме бидејки сите многу добро ја знаеме неговата важност. Јадете разновидно овошје кога и да ви падне на памет.
Соја и јаткастите плодови се многу здрави и корисни па исто така може да ги конзумирате на дневна база. Истото важи и за риба и млечни производи од кои ги издвојуваме младото сирење, јогурт и пробиотици.
Еднаш неделно
Исхраната на неделна база се поврзува со слатките. Ако посакате слатко, подобро изедете овошје или младо сирење со мед и ореви. Препорака е и темно чоколадо со 75% какао. Исто важи и за месо од живина и јајца. Направете вкусен ручек од пилешко или мисиркино во комбинација со зеленчук и ориз.
Еднаш месечно
Црвеното месо многу ретко се конзумира во азиската исхрана. Телешко, јунешко, а особено свинско месо би требало да јадете што поретко. Ваков начин на исхрана се покажал како полн погодок бидејки нема гладување, а исхраната е многу разновидна и здрава.
Азиската диета ги ограничува маснотиите, а скоро во потполност ги елиминира штетните заситени масти како шеќер, како главен причинител на покачување на килограми и целулит.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





