СТОТИЦИ ТОНИ ПРОИЗВОДИ ОСТАНАА ДОМА: Ако Косово не се попишмани, дали ќе му се врати со иста мерка?
Објавено во: Економија 21 Јули, 2018
Не е исклучена можноста земјите од регионот да настапат со контрамерки кон Косово откако е воведена одлуката за повисоката царина на земјоделските производи. Вака барем негодуваат познавачите на ситуацијата.
Во ист кош во моментов се Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија кои се најдоа на директен удар од мерката која на сила е веќе трет ден а министрите на овие држави ќе имаат средба во среда.
Стотици тони земјоделски производи си останаа во Македонија а вчера само три камиони биле извезени кон Косово. Овие бројки потврдени од царина покажуваат дека просечно се извесувале двесте тони дневно.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера и денес е во посета на Косово, но според кажаното на прес конференција заедно со Беџет Пацоли не успеал да ги убеди да ја повлечат одлуката која негативно ќе се одрази врз Македонија.
Од МЗШВ пак рекоа дека Македонија ќе преземе мерки за да го заштити домашното производство.