06 Декември, 2025
0.0376

Странци нема да можат повеќе да купуваат куќи во оваа земја

Објавено во: Стил 15 Август, 2018 15:23

Добивај вести на Viber

Во Нов Зеланд, странците нема да можат да купуваат куќи,  одлучи Парламентот, по третото и последно читање на нацрт-законот. 

Оваа мерка е со цел да се справат со станбената криза во земјата.

Без разлика дали се работи за имот покрај езеро или океан, или пак скромна приградска куќа, овој закон гарантира дека пазарот за нашите куќи е поставен во Нов Зеланд, а не на меѓународниот пазар. 

Нов Зеланд има рекордни нивоа на имиграција во последниве години, што ја направи темата главно прашање на изборите. Приливот на странци и странски инвеститори ги зголеми цените на пазарот на недвижнини. Цените на куќите пораснаа за 50 отсто во изминатата деценија, додека сопственоста на домовите на домашното население падна на најниско ниво во изминативе 65 години.

„Оваа Влада верува дека жителите на Нов Зеланд не треба да бидат надминати од побогатите странски купувачи“- вели  министерот за финансии Дејвид Паркер.

Лабуристичката партија на премиерката Џесинда Ардерн вети дека ќе забрани странските државјани да купуваат куќи во нејзината изборна кампања.

Директорката на Институтот за недвижности во Нов Зеланд, Бинди Норвел, вели дека е разочарана од новиот закон.

Граѓаните  на Австралија и Сингапур ќе бидат третирани исто како граѓаните на Нов Зеланд. Новите критериуми ќе важат по два месеци откако законот ќе добие кралско одобрување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: