14 Декември, 2025
0.0963

СТРАНЦИТЕ „ПРЕТРЧУВААТ“ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Кои се оние кои седат по месец или повеќе?

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

Статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека странците во просек по два дена престојуваат во Македонија, но многу поретко се случува некој да остане подолго во земјава. Охриѓани велат дека иселениците од Австралија се оние кои седат по еден месец во Охрид, странците кои се дојдени поради работа или евентуално украинските бегалци, кои работат онлајн и престојуваат подолго тука.  Но, Украинците доаѓаат и остануваат подолго поради војната во нивната земја. Сепак, од вкупниот број на гости, мал е бројот на оние кои со седмици престојуваат во Македонија. 

Мал процент од гостите се случува да седат подолго. Годишно имаме еден или два такви случаи и обично се тоа нашите од Австралија, доаѓаат и седат еден месец“, вели охриѓанец. 

Охриѓани би биле среќни кога странците би останувале подолго во земјава. 

„Се случува многу ретко и тоа обично се наши луѓе од Австралија. Тие  имаат потреба од подолго седење и последниот случај, Украинци имаа резервирано, меѓутоа не го реализираа престојот. Имаа букирано 35 дена. Тие случаи се ретки. Холанѓаните се со хотелско сместување. Сме имале случај со човек кој беше дојден тука поради посета на стоматолог и седеше цел месец, толку му беше потребно за третманот, се работеше за нашинец од Германија“, вели Маја Хаџиева од Охрид која издава апартмани. 

Сепак, признаваат дека градовите не се соодветно поврзани за да можат странците да шетаат во околните места. Охрид и Струга имаат добри сообраќајни врски, но тоа не е случај со другите општини. 

„Турист од странство кај мој роднина седеше 2-3 недели и решил да остане уште еден месец. Се работи за Американец. Поради работа седат подолго. Јас сега почнав да издавам сместување, досега немало кај мене некој да седи подолго“, вели охриѓанка. 

Во јужна Македонија, во Дојран, скоро и да не се случува некој турист да остане подолго во градот. Кратките престои од по два – три дена се најчести. 

„Нема такви случаеви во Дојран. По 2-3 вечери седат и толку“, рече Рушка Газетиќ од Дојран. 

За да се продолжи времето на престој, потребни се вложувања во развојот на инфраструктурата, проширување на сместувачките капацитети и подобрување на маркетинг стратегиите. 

Ако се споредиме со регионот, земјите се соочуваат со краток престој на странците на нивното тло, а нешто подобра е Грција каде странците низ годините престојувале во просек по 6 или 7 дена. 

Kaко што објави Statista, според студија од март 2024 година, патувањата ширум светот во текот на претходните 12 месеци траеле во просек 5,5 дена. Statista објави дека од 2015 до 2018 година во Франција на пример, туристите останувале по една недела. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Petar Milošević 

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија