Странците вбризгуваат пари во Албанија, СДИ-983 милиони евра
Објавено во: Балкан 02 Април, 2017
Странските директни инвестиции во Албанија достигнале во 2016 највисоко ниво во последните четири години од 983 милиони евра
Тоа е пораст од 10,5 отсто во однос на претходната година, според најновиот извештај на албанската централна банка.
Извршниот директор за развој на инвестиции на Албанија, изјавил дека тие податоци го потврдуваат влезниот тренд на вбризгувањето пари во економијата во облик на странски директни инвестиции, што резултира со зголемување на домашниот пазар и раст на вработувања .
Најголем прилв на странски вложувања е регистриран во секторот на енергетиката, каде се реализираат два важни проекти. Први се Деволи каскада, еден од најголемите хидро-енергетски проекти на Балканот, а втор е Транс-јадранскиот гасовод, кој би требало на Албанија да и донесе околу 1,9 милијарди евра до 2019.