СТРАВОТ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ЗАРАЗАТА Е ВО ПОРАСТ: Истражување на Галуп Интернешнл
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2020
Македонија е меѓу 19-те земји кои влегоа во истражувањето на Галуп интернешнл, а според
анкетата, стравот на граѓаните во нашата земја од заразата со Ковид-19 е во пораст.
Генерално, анкетата покажува дека во сите 19 земји ( САД, Русија, Велика Британија, Индија, Италија, Јапонија, БиХ, Македонија, Бугарија, Малезија, Грузија, Швајцарија, Кзахстан, Јужна Кореја...) 67% стравуваат дека самите или некој во нивните семејство, може да се зарази од ковид-19 вирусот, додека 30% изјавиле дека не стравуваат од можноста за инфекција.
Потенцијалниот раст на епидемиската крива влијае врз поддршката на народот на Владата во борбата против корона вирусот. Со зголемување на бројот на новозаразени, поддршката паѓа, па во овој период забележан огромен пад. Властите имале поддршка во март 65% во март, а сега во јуни само 48% . Повеќе од половина од испитаниците, или изразено во проценти 57% сметаат дека пандемијата се уште не е под контрола.
Истовремено, истражувањето на Галуп Интернешнл покажува дека се поголемиот број на новозразени го намалува бројот на оние кои на почетокот на епидемијата се сомневаа дека ворусот е сериозна закана, па така, изразено во проценти 73% во март биле скептици, а сега јуни 44% .
Генералниот заклучок на истражувањето на Галуп Интернешнл стравувањата од корона вирусот се сериозно големи. Владите во светот се уште ја имаат поддршката од своите граѓани, но е е толкава, колку што ја имаа на почетокот на пандемијата. Испитаниците се поделени во своиоте ставови и размислувања дека животот ќе се врати во нормала во 2021 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.