Добивај вести на Viber
Радоста на убавите премии на Државна лотарија на Македонија интензивно се чувствува и во текот на ова лето. Додека промотивниот тим на Лотарија ја поминува Македонија радувајќи ги сите среќни играчи пред продажните места со ознаката детелинка, најновата Инстант лотарија 7ма Брзина ги бележи најсреќните играчи. Само за потсетување, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија.
Покрај оваа актрактивна премија во игра се уште 10 добивки од 100 илјади денари, од кои токму сега го имаме и првиот среќен добитник. Семејството Грамбазови од струмичко Вељуша ја реализира својата среќна приказна токму благодарение на оваа среќна игра. Синот на Благој Грамбазов, младиот Панче е тој кој имал среќна рака.
Тие неколку денови купувале лозови во продажното место Тото Лото, а среќата некако ги насочувала, цело време добивале помали добивки од 40 денари. Мајката одлучила наместо пари, добивката да ја врати во игра, па се одлучила за 3 лоза, по едно за секое од нивните деца. Најмладиот во семејството имал најмногу среќа, па токму неговите рачиња успеале да ја изгребат стрелката која ја покажала 100 илјадарката. Ова е првата во низата од 10те вакви добивки во Инстант лотаријата 7ма Брзина.
Најновата игра на среќа на Државна лотарија на Македонија во својата палета на добивки ги вклучува: атрактивните премии ГОЛФ 7, вкупно 10 на број на задоволство на сите вљубеници во убавите автомобили и брендот Фолксваген, а тука се и бројните парични добивки од 40 до 100.000 денари. Интересно е да се потенцира дека сега 9 среќни играчи ќе имаат прилика благодарение на лозот СЕДМА БРЗИНА да се почестат со добивки од 100.000 денари, еден добитник веќе добивме, а во игра се и 10 премии по 50.000 денари. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.