14 Мај, 2024
0.0328

СТРЕС И СТАРЕЕЊЕ: Која е вистинската основа на „Антиејџингот“?

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Во последната деценија сведоци сме на метеорското издигање на една нова гранка во медицината, но и на парамедицината, која и се наметна на јавната свест под терминот „Антиејџинг медицина“. Зафаќајќи голем спектар на теории, хипотези и средства за делување, почнувајќи од нутриционизмот, преку козметичките препарати па се до генетските совети, оваа гранка сеуште не е до крај научно дефинирана и поставена на докажани основи (што е и единствен начин да стане научна). Но, и покрај тоа таа стана предмет на интензивен интерес на непрегледен спектар на можни корисници и платформа за потенцијално голем профит на фармаколошката, козметичката, прехранбената, услужната и „Ву-ду“ индустријата. Особено во ова историско време, кога се вкорени регресивниот омнипотентен занес (читај магиско мислење) кај современиот човек дека „се е можно...“ и дека моето големо „ЈАС“ е над науката. Но, што е она што до сега е релевантно изнесено во науката во врска со забрзаното стареење кај човекот? Меѓу најзастапените теории се наоѓа влијанието на слободните радикали врз организмот (за кој се смета дека е една од причините и за појава на малигномот), а дека тој се ослободува под дејство на надворешни фактори, физички и хемиски. Понатаму, главната теорија на современите генетичари се засновува врз фактот за намалената функција на теломеразата, за која се смета дека е најважен внатрешен агенс во одредена фаза на репликацијата и регенерацијата на генетскиот материјал, па поради тоа дека настанува дегенерација и уништување на клетките. Но, сите се сложуваат со фактот дека нерегулираниот стрес, на некој начин, покрај што е причина за над 90 одсто од болестите, доведува и до забрзано стареење кај човекот. Како стресот успева да го прави тоа и дали може да се превенира со предвидливи интервенции, со што би можело да се дејствува „антиејџинг“ врз организмот? Особено кога секојдневието дава море од искуства дека некој „се стопил од стрес“, „побелел од стрес“, „остарел за еден месец“ итн. И, дали сето тоа има некоја квалитетна научна основа која нуди објаснување...? Она што е досега повеќе од јасно е дека хроничниот стрес, покрај останатото, предизвикува промени во хормоналниот статус и метаболизмот (размена во организмот) во целина. Поради таквите пореметувања настануваат оштетувања на клетките во мозокот и телото, а со тоа се забрзува процесот на стареење и дегенерација на организмот. Главните антидоти (противници) на стареењето претставуват соодветната регулација на стресот и поттикнувањето на лачењето на одредени хормони во организмот, како што се ендорфинот и ДХЕА (дехидроепиандростеронот). Ендорфинот, покрај ефектите како што се намалување на болката, топење на стресот и поттикнување на клеточниот имунитет (НК клетките), едновремено учествува и во создавањето на ензимот СОД (супероксид дисмутаза). Овој ензим го неутрализира дејството на создадениот супероксид во организмот (настанува од внесениот кислород), кој пак е главен виновник за оштетување на клетките на мозокот и телото преку продукцијата на слободните радикали. ДХЕА, кој исто така се зголемува во организмот при употреба на содветен антистрес пристап и програми за здраво живеење, има антиејџинг (против стареење) дејство преку регулацијата на низа „позитивни“ хормони како што се СТХ (хормонот на растење), мелатонинот, тестостеронот, естрогенот и бета-ендорфинот. Овие хормони, кои воедно ја претставуваат и вечно бараната „амброзија на младоста“, единствено можат да се генерираат ендогено (внатрешно), односно не можат да се внесат вештачки однадвор. Тоа значи дека секој човек може, преку соодветен ментален пристап, да генерира антистрес и антиејџинг механизми во сопствениот организам и со тоа да го регулира процесот на стареење. Главниот знак, на пример, дека хормонот ендорфин е ослободен во организмот е доживувањето на длабока опуштеност, внатрешна благосостојба и „телесна радост“. За поттикнување на ваквата состојба, која е воедно антистресна и антиејџинг, потребно е следење на адекватни програми кои го поттикнуват вклучувањето на специјални ментални алатки, заради оптималното поврзување и синхронизирање на релацијата ум-тело. Таквите алатки, впрочем, едновремено претставуваат антистрес, велнес и антиејџинг програми. А програмите од таков тип се отскора поставени на порталот  www.antistres.mk, достапни преку интернет во секој момент и за изразено ниска цена. Значи, покрај општиот програм во животот, а тој е составен од редовна и здрава исхрана, редовен одмор, здрав дневно-ноќен ритам и позитивна социјална поврзаност, специфичниот пристап кон ваквата цел современиот човек може единствено да го стекне преку усвојување на напредни и комплексни порграми од ваков вид. Свежината секогаш, на крајот од процесот, единствено може да се појави некаде „одвнатре“! Како некое повторно раѓање... За авторот: Спец. Др. Звонко Џокиќ е меѓународно познат експерт за стрес и психотерапија, автор на проектот Антистрес Клуб (www.antistres.mk) како и на специјалните антистрес програми кои можат да се најдат на порталот. Во колумните што следат ќе најдете доста корисни информации за тоа како да ги надминете стресот и последиците поврзани од стресот.