Добивај вести на Viber
Најскапа струја во втората половина на минатата година од земјите во ЕУ, плаќале домаќинствата од Данска (ЕУР 0,297 по kWh). Следни на листата на земји со највисоки цени на струјата се Кипар (ЕУР 0,291 по kWh), Германија (ЕУР 0,268 по kWh) и Италија ( ЕУР 0,230 по kWh).
Најевтина струја имале домаќинствата во Бугарија (ЕУР 0,096 по kWh), потоа во Романија (ЕУР 0,108 по kWh) и Естонија (ЕУР 0,112 по kWh).
Според податоците цената на струјата за домаќинствата во Данска е три пати повисока во споредба со цената во Бугарија.
Поскапувања на струјата
Цената на струјата во вторатата половина од 2012 година, споредено со втората половина од 2011 година се зголеми во повеќето од земјите членки на ЕУ.
Струјата најмногу поскапе во Кипар (21%) и во Грција (15%), додека цените се намалија за 5% во Шведска и за 2% во Унгарија
.
Цената на струјата расте во последните пет години
Цените на електричната енергија за домаќинствата се зголеми во 2008 година, потоа остана стабилна, па дури и се намали во 2009 година, но повторно во 2010, 2011 и во 2012 година има нагорен тренд.
На оваа слика се гледа трендот на движење на цената на струјата во изминатите пет години во ЕУ-27 и во EA (еврозоната).
Процентот на даноци и давачки во вкупната цена на електрична енергија за домаќинствата
Во однос на даноците кои учествуваат во крајната цена на струјата, анализата покажува дека најниски даноци највисоки даноци кои ја оптеретуваат цената на струјата има во Данска, каде повеќе од половина од крајната цена или 56,3 % се даноци и давачки. Во Германија даноците и дополнителните давачки учествуваат со 46,4% во крајната цена на струјата, во Португалија 43,0% , во Шведска 35%.
Според податоците на Еуростат, и во Македонија дополнителните давачки и даноците зафаќаат 53,3% од крајната цена на струјата.
Најниски даноци и најмали давачки кои влијаат на цената на струјата има во Велика Британија. Таму даноците зафаќаат 4,7% од крајната цена на струјата, бидејќи ниската стапка на ДДВ се применува на основната цена и нема други дополнитени оптоварувања. Слично е и во Малта каде во крајната цена на струјата, даноците учествуваат со 5% .
Од земјите во регионот, во Босна и Херцеговина даноците и давачките учествуваат со 14,5% во крајната цена на струјата, во Албанија со 16,6%, Црна Гора со 17,4%, а во Турција и Хрватска зафаќаат 20%.
Редакција Фактор