На средба со Бизнис Конфедерација на Македонија
Струмичките компании ги изнесоа своите потреби за одржлив бизнис
Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017 14:30
Искористување на обновливи извори на енергија и инвестирање во развој на патната инфраструктура за ефективно поврзување со источниот и јужниот сосед.Ова се приоритетите за струмичките компании, дефинирани на средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании од овој регион, а организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија.
Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании и беше разговарано за тековните, актуелни проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од струмичкиот регион.
„Досега одржавме средби со претприемачи од сите пет региони во земјава и заклучокот од средбите е дека компаниите од секој регион се соочуваат со типични проблеми и пречки за понатамошен развој. Соодветно на тоа се создадени и приоритетите врз кои заедно со нашите партнери, компаниите ќе ја градиме понатамошната стратегија за создавање поволна бизнис клима. Она што досега го имаме направено во предлог политиките е одлична основа и одредница што ќе ни користи во понатамошната работа во надградување на концептите за одговорно водење бизнис, поттикнување одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите“, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлог политиките, како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија спроведе и одржа серија вакви средби и промотивни настани во повеќе градови и региони од државата, во кои беа вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




