26 Април, 2024
0.0319

СО СТУДЕНА ГЛАВА ЗА ПРОСЛАВАТА НА ШВЕРЦЕРИТЕ - навивачката еуфорија да се гледа без етничка диоптрија

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Еден ден по скандалозниот настан во Македонскиот народен театар, каде прослава на навивачка група се претвори во скандирање и уништување на државен инвентар, со студена глава и смирени страсти треба да се разјаснат неколку дилеми. 

Расклатените столчиња, искинатиот тапацир и искршените лајсни, за кои сведочеа медиумските извештаи и фотографии, можеби и можат да се поправат, но непријатните сцени ќе останат уште долго во главите на граѓаните. 

Веќе не е непознаница како Шверцерите дошле во театарот и како им било дозволено баш на таа локација да се „радуваат“ на 30-годишниот јубилеј на својот омилен фудбалски клуб. Но, се отвора ли овде повторно прашањето за „недопирливоста“ на помалиот брат во владејачката коалиција, а тоа е Демократската унија за интеграција. 

Аналитичарите со кои разговаравме сметаат дека е многу битно на случајов да не му се дава етничка конотација. 

„На овој настан не треба да му се даваат никакви етнички тонови, не треба воопшто така да гледаме на проблемот. Тоа што се случи во МНТ упатува на недостиг на основно воспитание. Притоа не е битно дали станува збор за Шверцери или за Комити, или за било која друга навивачка група, туку проблемот лежи во тоа што тие луѓе демолирале објект, било кој и да е тој. Еве можеби мене и не ми се допаѓа изгледот на театарот, но проблемот е што тие си дозволиле да демолираат објект“, вели за Фактор аналитичарот Петар Арсовски.

Одговорноста, според него, треба да ја понесат првично самите водачи на навивачката група. Нели тие се силни мажи, сега тие треба да дојдат и да го подмират цехот, алудира овој аналитичар.

Но каква е тука улогата на ДУИ, чии политичари и присуствуваа на самиот настан, од каде не можевме да чуеме зборови на одговорност или осуда.

„Ако сакаме да созрееме како општетство, ниту треба да ги напаѓаме,  ниту, пак, слепо да ги браниме навивачите само по етничка основа. Исто како што ние, но и македонскиот дел од медиумите, треба да бидеме објективни и да не ги напаѓаме Шверцерите само затоа што се Албанци, ДУИ, пак, не треба да ги брани само затоа што се Албанци. Нема потреба тоа да го прави партијата, ако некој треба да си понесе одговорност, таа не треба да се спротивстави“, вели Арсовски.

Дали и во овој случај ДУИ покажува политичка ароганција и некој вид недопирливост?

„Точно е дека ДУИ тука демонстрира политичка моќ. Всушност, тие луѓе им се важни и веројатно не сакаат да се замерат со нив, особено како наближуваат изборите“, смета овој аналитичар.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, пак, смета дека не треба од секоја ситуација да се создаваат услови за дебата, која може да повлече меѓуетнички тензии. Во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма тој рече дека од она што можело да се види на објавените снимки, нема ништо повеќе од гласно славење.

„Не треба од секоја ситуација да создадеме предуслови за некаква си дебата која може да повлече меѓуетнички тензии. Ако навистина немало демолирање како што видовме во извештаите, туку имало само гласно славење, и треба да констатираме дека не било најсреќно решение за таква прослава, и да се научи лекцијата можеби за следниот јубилеј“, рече Османи.

Но, опозицијата има поинакво мислење. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ, рече дека ако не реагирале тие како ВМРО-ДПМНЕ, ова немало да постои во јавноста и дека власта знаела дека ќе има навивачка група во МНТ.

„Заев и мегафоните на Заев велеа дека не знаеле дека ќе има навивачка група во МНТ, дека тоа било друга прослава и дека овие ептен случајно биле таму. Прво, полицијата била добро информирана за овој настан и во петок биле распоредени 150 припадници на ЕБР и 30 припадници на ‚Алфа'. Тие биле распоредени во близина на театарот, очекувајќи да се случуваат инциденти“, рече Николоски.

Со реакција се јавија и од навивачката група „Шверцери“ од каде ги отфрлија обвинувањата дека го демолирале Македонскиот народен театар.

„Јасна е тенденцијата да и се нанесе штета на навивачката група  со невистинити информации и медиумски шпекулации. Ние сме навивачи и навивањето е наш живот. Не постои друг начин на навивање освен пеење и скандирање и тоа го сторивме таа ноќ. Ништо повеќе, без ‚вандализам’, кршење, навредливи зборови и без говор на омраза“, соопштија од Шверцери.

Сепак, сликите на Фактор, покажуваат нешто сосема друго.

А вчера доцна вечерта се огласи и навивачката група Комити. Тие на својата фејсбук страница со доза на иронија прашаа дали може да го изнајмат МНТ за прослава на нивните јубилеи.

„Ние за 8-ми Декември имаме најавено прослава на неколку Јубилеи (20 години Лојал Фанс, 10 Години Братство Комити & Војводи, 5 години Комити Маџари), па би сакале да прашаме јавно, како може да ја изнајмиме истата просторија за прослава на Јубилеите?“, пишуваат Комитите на својата фејсбук страница.

А вчера никој не ја презеде одговорноста за настанот од петокот. Од Министерството за култура и управата на театарот рекоа дека во институцијата, за во петокот планирале две манифестации за Денот на азбуката, но никој не најавил дека ќе има и навивачи.

„Вториот настан првично беше најавен и организиран од Артан Груби, пратеник. За вториот настан бевме известени дека ќе се емитува документарен филм од 30 минути, но не добивме никакви информации за содржината на документарецот, ниту пак бевме информирани за учеството на навивачката група на фудбалскиот клуб. Очекуваме организаторите на вториот настан да ја надоместат штетата предизвикана во објектот“, изјавија од Македонски народен театар.

А пратеникот на ДУИ, Артан Груби, ги негираше тврдењата, велејќи дека при прославата немало дивеење. Според него, реакциите се апсурдни и дволични.

„Дивеење беше насилното влегување, тепањето и извикувањето во Собранието на 27 април, а не славењето на навивачите со песни во театарот, но не и со вандализам и насилство, кое би го осудил во секој момент. Јас не сум организатор на настанот, но морам да истакнам дека театарот му припаѓа на народот, не на ВМРО, на СДСМ, ниту на хунтата. Тој е изграден со наши пари, со пари на граѓаните, а не со пари на ВМРО, не на хунтата, туку со пари на граѓаните и им припаѓа на граѓаните“, нагласува Груби.

Министерот за образование, пак, Арбр Адеми, порача дека се додека нема говор на омраза, радоста ќе ја слават како што сакаат.  

Ако во театарот има штети, тие мора да се платат, дециден беше премиерот Зоран Заев, кој призна дека таа манифестација баш и не била толку културна.  

„Секој вандалски чин е за осудување, тука нема дилеми. Мене ми кажаа дека има и втор дел, а намерата била за млади луѓе. Но, испадна дека второт дел не била баш културна манифестација. Мора да има одговорност за кршење на инвентарот и мора да се надоместат штетите“, истакна Заев.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“