10 Мај, 2024
0.0312

Студентска апатија или студентска бунтовност?

Објавено во: Колумни 02 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Сакаме зрак а не мрак...Се што ни треба е да му дадете шанса на мирот....Студенти од целиот Балкан-обединете се....Авангарда или пропаганда.....Ова се само дел од паролите кои сме ги читале на транспаренти, испишани од млади луѓе, студенти, интелектуалци, момци и девојки, кои сплотени, еден до друг, рамо до рамо, чекореле заедно, во еден глас извикувајќи ги паролите кои нивните млади умови ги смислиле, пароли кои ја изразувале суштината и мотивите на нивните студентски движења и протести. Но овие пароли и громогласни извици, проследени со емоции, сме ги гледале на малите екрани, сме читале во дневниот и неделниот печат, сме дебатирале на социјалните мрежи, но малкумина од нив ја имале таа привилегија да ги видат во живо и да ја почувствуваат таа магија на студентска бура, која најпрво заискрува,тлее,  а потоа се претвора во вулканска лавина и еруптира. Не случајно велам магија бидејќи да бидете сведок на интелектуална студентска авангарда, која умее, може и знае што сака, која не се задоволува со трошки, ниту со нешто што значи стагнација во нејзината апстрахирана реалност, е нешто што еден интелектуалец може само да  посака. Во Болоња бев сведок на едни мирни студентски протести, каде студентите, подржани од своите професори, го искажуваа своето незадоволство Морници и денес ме лазат и емоции на возбуда се изнедруваат од моето тело кога ќе се присетам на студентско бунтовништво, чиј сведок сум била во Загреб и Болоња. Уште ми се свежи сеќавањата на студентските протести кои пред некоја година започнаа во Загреб, а чии носители беа оние кои се толкувачи на општествените феномени и изучувачи на човековата психа и душа-студентите на психологија и социологија на Филозофскиот факултет. Тие храбри студентски дејци, смело и гордо застанаа во предворјето на својот факултет, кревајќи го гласот за подобар студентски живот и за нови студентски права и слободи. И истрајаа во своите уверувања и повлекоа лавина на реакции, но и следбеници, потикнаа вестите на најзначајните медиумски куќи да почнуваат со нив, да се говори за нив, да се дебатира и да се направат одредени измени во однос на нивните барања. Во Болоња бев сведок на едни мирни студентски протести, каде студентите, подржани од своите професори, го искажуваа своето незадоволство, истакнувајќи дека тоа што било ветено не било исполнето и испочитувано до крај. И опстојуваа, и беа упорни и остварија. Каде ви е полетноста, каде ви е желбата за подобро студентско утре Мисли и размисли за студентската популација деновиве ме навјасуваат, но и кнедла во грлово ми стои кога говорам за таа млада популација и правам паралели со нашата, македонска студентска младина. И не така одамна истите тие наши студенти штрајкуваа, ама не за подобар студентски живот, не за подобар студентски стандард, не за подобро студенско утре, туку за нешто за што и дел од нив не беа свесни, штрајкуваа контра своите едукатори. Жалосна беше глетката како се туркаат еден во друг, немо посматрајќи ја ситуацијата, во која ниту криви, ниту должни беа вплеткани, а пустите мораа да бидат на тоа место, во тоа време, бидејќи некој им рекол. И тоа не можам да го голтнам, мојата маленкост не може да ја сфати таа подјаременост и во духот на Рацин да се изразам...за туѓи бели дворови да си копаш црни гробови. Можеби е пресилна метафората, но простете ми, во тие мигови навистина бедно изгледаше нивниот контра протест и тивкото воскликнување кога ќе ги запрашаа која е целта на нивниот протест - поглед збунет и отсутен и благо кревање на рамената. Леле гневот ми е голем кога се присетувам на тоа време и кога со жалење констатирав дека длабока апатија и летаргија ја навјасала македонската студентска младина. Зачаурена, исполитизирана до крај, безидејна, можеби и прегрубо ќе звучи, ама бесперспективна. Па каде ви е младоста, каде ви е полетноста, каде ви е желбата за подобро студентско утре, ви изгоре ли заедно со надежите за ваше етаблирање во општественото миље исклучиво врз ваши компетенции и знаења, или ве сотре надежта кога реалноста ја гледате, сурова, во која напредокот и способностите се мерат низ призмата на партиската книшка? Браво за храбрите, продолжете, бидете авангарда, предвесник на едно ново време, време на промени за подобро студентско утре Зрак надеж дека не е се така црно, дека нашата студентска младина не е само нем сведок на општествените случувања, дека нашите студенти не се апсолутни конформисти, аминувајќи се што се предлага и усвојува, а се однесува на нивниот статус, студентски живот, студентски стандард, едноставно, се што го чини сеопфатен студентскиот дискурс ми даде скорашното студентско движење. На почетокот си помислив дека тоа што се случува е некаде далеку од нас, но кога чув дека на јасен македонски јазик се искажуваат студентски барања е навистина се израдував. Браво за храбрите, продолжете, бидете авангарда, предвесник на едно ново време, време на промени за подобро студентско утре. Доста молчите вие млади луѓе, вие сте таа интелектуална студентска елита што треба да биде носител на позитивни општествени промени и општествен прогрес, вие треба да сте двигателите на општествените новитети и вашите идеи и дејанија треба да се основа за подобро општествено утре. Конечно светлина и над македонскиот студентски простор, звезденото небо ќе ве обасја и вас, само продолжете напред, не се обесхрабрувајте, бидејќи сте вие најмоќната сила која може и планини да преместува. Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија 

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка