18 Јануари, 2025
0.0261

Студентскиот парламент лут на опозицијата – побарала бесплатен превоз за студенти?

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Откако пропадна обидот на опозицијата , преку советниците во Град Скопје да издејствува воведување бесплатен превоз за студентите, се огласи Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. Оттаму велат дека оваа реформа треба да ја побараат студентите, а не советниците. „Како легитимно, претставничко тело на студентите, но и како главни иницијатори за оваа промена, во согласност со волјата на студентите, им се заблагодаруваме за заложбите. Оваа наша, едногодишна борба треба да остане во рацете на студентите. Ова не е начин за добивање на дневно политички поени, туку е вистинска потреба на секој студент. Затоа оставете не на наш студентски начин да ја издејствуваме оваа реформа“, стои во соопштението од СПУКМ. Од Студентскиот Парламент велат дека тие биле оние што први почнале со кампањата за намалување на цените на јавниот превоз за студентите на УКИМ. „Паралелно на институционалното лобирање, спроведувме и кампања за да го дознаеме мислењето на студентите на оваа тема. Еден месец делевме анкетни прашалници по сите факултети на УКИМ и студентски домови. Над 15.000 студенти ги пополнија анкетните листови, а резултатите упатуваат дека повеќе од 70 отсто се за намалување на цената на месечниот билет на јавниот превоз за студентите“, стои во соопштението од СПУКМ. Вчера и мнозинството советници од редовите на ВМРО најави дека нема да ја поддржат иницијативата на Сојузот за иднината, студентите да се возат бесплатно во градски автобус. Според нив главната причина заради која ќе гласаат против е што иницијативата требало да се упати до Министерството за образование, а не до Град Скопје. Тие притоа посочија дека од воведувањето бесплатен превоз бенефит нема да имаат студентите од дисперзираните студии.

Од опозицијата пак сметаат дека е неопходно студентите да добијат бесплатен јавен превоз секој ден, освен во недела и за државни празници и тоа од први октомври до 30 јуни, од 8 до 21 часот.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение