03 Мај, 2024
0.0255

Студентско – политичка манипулација

Објавено во: Колумни 07 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Ноември е месец кој го обожувам бидејќи во тој месец сум родена јас и мојот љубен, го обожувам бидејќи ги вткајува сите најубави бои на есента, вкусуваме плодови и зимница кои вредно сме ги собирале и приготвувале , месец на слави, месец на концерти и подготовки за новата година која набрзо ќе ни дојде. Но овој ноември е малку поразличен и со право ќе речам за мене побогат и порадосен за мене и тоа поради неколку причини. Неколкуте приватни за мене значајни, но една посебно ме прави горда и сакам да ја споделам со секој познаник, но и добронамерник кој директно или индиректно е врзан со образованието. Додуша и не мора да биде дел од образовниот процес, но доволно е да има одредени сознанија, идејно да е отворен и флексибилен, и да го сака прогресивниот дух во различни општествени сфери. Фасцинантна е нивната решителност и јасност да застанат и опстојат на барањата што си ги беа поставиле Овој ноември ќе биде запаметен во историјата на студентската организација и студентското движење по еден голем и сеопфатен студентски протест. Да почитувани, со право може да истакнам дека од осамостојувањето до денес не сум видела обединета студентска младина и тоа обединета околу една и единствена кауза. Она што посебно ме фасцинира беше нивната решителност и јасност да застанат и опстојат на барањата што си ги беа поставиле. Уште повеќе ме израдува масовноста и секако подршката од нивните едукатори, нивните професори. Река на студенти потече низ скопските улици,   рамо до рамо млади студенти од општествени, медицински, природни науки, рамо до рамо студенти македонци, албанци, турци, роми, срби, бошњаци, рамо до рамо христијани, муслимани,атеисти, сите заедно и обединети. Она што посебно е за поздравување е исклучивоста на се друго, на секоја поинаква позадина, дефинитивно немаше никаков поинаков дискурс освен студентскиот. Заеднички именител за сите беа небулозите кои во одреден сегмент се нудеа како решенија кои не само што нема да придонесат за подобрување на квалитетот на студиите, напротив, може и да бидат на нивна штета. Она што сега е интересно и значајно е неконзистентноста на ставовите на оние кои предлагаа екстерно За реформите кои се предлагаат и за мојот став против екстерното пишував во повеќе прилики, но сега, пред се заради нечујноста на моите согледувања од страна на некои колеги, за да им биде на сите појасно, ќе го изложам она што е најсуштествено и најзначајно. Студирањето е доброволно, не задолжително и секој има право да направи избор дали ќе се наобразува или не, тоа е негово основно право. Исто така се студира според болоњскиот кредит трансфер систем а тоа подразбира можност предмет од прва година да се полага на крај-пред завршување на студиите и секако според тој начин на студирање не се вреднува само знаењето-она што е научено туку се вреднува и индивидуална работа, изработка на семинарски трудови, есеи, библиографии, секако дека и низа други активности и на тој начин се оформува комплет оценката. Има уште многу зашто и затоа, но тоа во некоја друга прилика, она што сега е интересно и значајно е неконзистентноста на ставовите на оние кои предлагаа, најпрво се вели екстерно, потоа проверка на знаење и уште неколку модификации кои верувајте и нам не ни се потполно јасни. Грев е на студентите, тие млади интелектуалци да им се става партиска конотација и партиска боја Она што сакам да го порачам е да опстанат студентите на своите барања и да останат на каузата која ги обединува. Неприкладно е да им се лепат етикети и да им се препишуваат одредени политички конотации. Безсмислено е и навистина не доликува на едно демократско општество за какво што се декларираме. Студентите се обединети исклучиво околу една идеја, една кауза, под едно небо и само една партија за нив е значајна во овој миг-студентската и ништо повеќе и ништо дополнително. Грев е да на студентите, тие млади интелектуалци, авангардни, слободоумни, паметни сознајковци да им се става партиска конотација и партиска боја. Единствена книшка нивна е онаа најзначајната-нивниот студентски индекс и единствено валидно и значајно за нив е Свети Климентовото слово во кое тие се колнат. Нека не се сквернави студентското движење, нека не се обојува нивниот студентски марш, нека се остават на раат и со гордо кренати глави да се борат за она што со право им припаѓа-нивниот студенски живот и образование. Доста е со политики и политиканство од сите, ниту едните имаат право да ги маркираат и дисквалификуваат, ниту пак другите да ги присвојуваат. Студенти бидете свои и не дозволувајте никој да ве манипулира, само така ќе опстоите и истраете-за вас се работи. Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина