Добивај вести на Viber
Сопственикот на компанијата „Сахара Паривар“, Субрата Рој, синоќа пристигнал во Скопје. Повод за посетата е Сахара Балканскиот мировен фестивал кој оваа година за прв пат се одржува во Скопје.
Рој пристигнал во Скопје заедно со своето семејство. Тој ќе има свое обраќање на Сахара Балканскиот мировен фестивал кој ќе се одржи на 2. октомври во Скопје.
Мировниот фестивал ќе биде отворен со штафетата на мирот која ќе ја носат македонски јавни личности. Фестивалот официјално ќе биде отворен со полноќен настан на Камен мост.
На фестивалот ќе присуствуваат педесетина светски лидери, меѓу кои ќе бидат поранешни претседатели, премиери, амбасадори, министри, холивудски ѕвезди.
Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата, а покровител е македонската Влада.
Индискиот милијардер, Субрата Рој, на брегот на Охридското езеро ќе гради огромен туристички комплекс.
Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид најавија дека наскоро ќе започнат археолошките истражувања во близина на селото Љубаништа, за кои се очекува префрлање на финансиски средства од Министерството за култура.