14 Мај, 2024
0.0244

Субвенциите растат, но кои се стратешките насоки за развој на македонскиот аграр?

Објавено во: Колумни 03 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Развивањето на оддржливо земјоделско производство, бара спроведување на оправдана во однос на целите и доследна во однос на мерките и дејствијата долгорочна секторска политика за развој.Успешниот развој на македонското земјоделство и реализацијата на неговите оштествени функции бара јасно формулирани стратешки цели на аграрната политика,комлексни мерки и дејствија за нивно оствараување.Стратешите приоритети за развој можат да се групираат во неколку групи и тоа:
  • развој на земјоделските стопанства
  • трансфер на знаења и информации
  • оддржливо управување на природните ресурси
  • интегрирање на примарното производство во прехрамбената индустрија
  • пораст на високофинално производи (производи со високо додадена вредност во прехрамбената индустрија
Анализата која ќе ги идентифицира најважните внатрешни (силни и слаби страни) и надворешни (можности и загрозувања),  фактори кои ја одредуваат сегашноста и иднината на земјоделството e претпоставка за создавање на стратегија за постигнување  на определена цел. Од спроведената SWOT анализа, ориентирана кон формулирање на среднорочно согледување за постигнување на формулирана цел- градење( развивањеа) на оддржливо производство при релативно високо користење на потенцијалите што ги има земјоделството на земјата, произлегуваат следните заклучоци: 1. Силни страни на македонското земјоделство Македонија има релативно добри почвени и климатски услови за производство на земјоделски култури карактеристични за умерено климатски подрачја. Особено имаме предност во производство на зеленчук, повеќе видови овошје,тутун,грозје и одгледување на овци. Позитивно е што имаме релативно ниско ниво на загадени почви. Селското население и општество има долга  традиција и искуство во земјоделството и што е најважно имаме квалификувани земјоделски кадри. Исто така една од силните страни на македонското земјоделствот е производството на производи со специфични локални особини, потоа поседувањето на природна средина со висока вредност во селските реони, а изградена е школка на консултантска мрежа. 2.Слаби страни на македонското земјоделство Она е што се смета за слабост на македонското земјоделство е низкиот степен на користење на производните фактори - земја, труд и капитал, поради технолошки, менаџерски и пазарни слабости, уситнетост на сопственоста на земјата, ниска обезбеденост со обработлива површина (0,25 ха по 1жител), ниско ниво на искористување на системот за наводнување, поларизирани структури на земјоделски стопанства заради мал број стопанства со средна големина. Проблем е што се соочуваме со отежната достапност до пазарот поради неразвиена производна и пазарна инфраструктура-складишта ,откупни центри, ладилници , но постои и отсуство на пазарно утврдена гама на производи,особено преработени со специфични национални карактеристики. Во извозот обично ни доминираат примарните производи со ниска додадена вредност. Постои слаба диверзификација на стопанските дејности во стопанствата, и ограничени инвестиции особено во подобрување на почвите (мелиорации, патна мрежа). Како недостаток на македонскиот аграр се смета и тоа што недостасуваат научни истражувања, кадровски ослабени научни институти. 3.Можности за подобар развој на земјоделството Услови постојат, еве кои се можностите и насоките за подобар развој на земјоделството:
  • Подобри цени на производите како последица на пораст на побарувачката на храна
  • Зголемена побарувачка на производи со гарантиран квалитет и потекло
  • Зголемена побарувачка на органски производи
  • Консолидација на земјоделските стопанства
  • Полесен пристап до постојни и нови технологии и знаења, развој на научни истражувања и на информациски и комуникациски технологии.
  • Нов однос кон мултифункционална улога на земјоделството и неговите функции како испорачувач на општествени услуги, како и такви кои се однесуваат на климатските промени
  • Пораст на значењето за зачувување и развој на методите за   традиционално производство
4.Опасноти кои може да се очекуваат Како секоја стопанска гранка, така и земјоделството подлежи на опасности, кои треба навреме да се лоцираат и решаваат. Како негативност и потенцијална опасност за земјоделството се климатските промени и неспособност секторот да се справи успешно со нив. Еве кои се други опасности за македонскиот аграр.
  • Големиот дел на мали земјоделски стопанства не дава гаранција за модернизација и пристап до пазарот
  • Спор напредок на структурни промени поради нефункционален пазар на земјоделско земјиште
  • Осипување на работната сила поради неконкурентно плаќање на трудот и лошите услови во селските реони
  • Неспособност на земјоделството и прехрамбениот сектор да се приспособат кон процесите на глобализацијата и транснационалните компании во прехрамбениот ланец
  • Зголемен притисок врз природните ресурси и загуба на земјоделски површини
  • Неизбалансиран развој на земјоделството поради нерамномерна (неускладена) подршка на производството на поедини сектори (гранки на производство)
  • Отсуство на целна подршка на модернизацијата и равој на сектори кои бараат големи инвестции со долг рок на отплата–складишта, ладилници, хидромелиорации, сточарство и др.
Врз база на анализата на изнесените стојалишта или состојби, можеме да ги идентификуваме потребите за остварување на развојот:
  • Пораст на конкурентската способност со зачувување на природните ресурси-земја, биодиверзитетот и др., преку модернизација на земјоделското производство
  • Ефективно користење на ресурсите, премин кон незагаденост со јаглерод и одржливо кон климатски промени производство
  • Билансиран развој на земјоделството како претпоставка за рационано искористување на природните, човечките и финансиските ресурси
  • Зголемување на капацитетите на системите за обука и тоа преку целиот професионален живот
  • Подршка за преобразување на дел од малите земјоделски стопанства во пазарно ориентирани фарми
  • Подршка за консолидација на стопанствата на млади фармери
  • Диверзификација на стопанската дејност, пред се на малите стопанства
  • Развој на селската ифраструктура-наводнување, борба со ерозија, подобрување на квалитетот на почвите и друго, со цел за зголемување на продуктивноста и заштитата на природните ресурси
  • Формирање на групи на производители заради повисока економичност и прилагодување кон пазарните барања
  • Подршка на вертикалната интеграција (примарно производство-индустрија)
Проф.д-р.Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Кадровски смени во рускиот воен врв – воeната економија бара нови луѓе

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка