19 Мај, 2024
0.0261

СУРОВИОТ ЖИВОТ НА АРЕТА ФРЕНКЛИН КОЈА Е ТЕШКО БОЛНА: Својата најголема тајна ќе ја однесам во гроб

Објавено во: Свет 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Кариера на пејачка, композиторка и пијанистка која трае повеќе од пет децении, а во текот на тие половина век, покрај несекојдневниот глас, препознатлива е и по богатиот љубовен живот во кој вбројува четири брака и исто толку синови.

Гласот е најсилното оружје кое го поседува американската музичка дива Арета Френклин. Благодарение на него, стана призната и позната. Кога таа застане пред микрофонот, тоа е гарант дека ќе се трепки ќе ги полазат сите во публиката. Со песната се бореше против сите животни предизвици и илузии, а желбата да пее и помогна да ги надмине дури и здравствените тешкотии, кои секогаш настојуваше да ги сокрие од јавноста. Има 62 години а светот го обиколи веста дека Арета е тешко болна и дека семејството се моли за чудо.

Арета водела динамичен живот, и не чуди фактот што нејзината автобиографија станала бестселер. Меѓу популарните жени од американската јавна сцена најмлада стана мајка, дури двапати пред да стане полнолетна, а на синовите никогаш не им открила кој им е татко.

Арета Луис Франклин е родена на 25 март 1942 година во Мемфис. Во семејство на баптистички свештеник Кларенс Лавон и музичарката Барбара Стигерс била петто дете. Имала три сестри и еден брат. Сепак, ни бројното семејство не го одржало бракот на нејзините родители, кои се развеле кога таа наполнила шест години. Тој настан во голема мера го обележал нејзиниот живот, бидејќи со сестрите и братот се преселила кај баба Рејчел Френклин. Се покажало дека таа била најголема поддршка во текот на созревањето. Дваесет дена пред својот десет роденден се сретнала со огромното страдање кога ја изгубила својата мајка Барбара, која имала само 34 години.

-Не памтам како изгледал мојот живот додека мама и тато беа заедно. Само се сеќавам дека често се караа, па јас и моите сестри во тие моменти пуштавме што посилна музика за да не слушаме разни зборови кои си ги упатуваа еден на друг. Можеби звучи грубо, но ми беше драго кога се разделија, а нас не испратија кај бабите, кои од милост ги нарекувавме „голема мама“- се сеќава во едно од многубројните интервјуа кои ги давала во текот на долгогодишната кариера.

Живеела без мајка, татко си го гледала ретко, а бабата немала време и сила доволно да им се посвети на сите свои внуци. Во таква ситуација, Арета била препуштена сама на себе, што ја натерало да созрее побрзо од своите врсници и да се фати во костец со суровата реалност на животот.

-Кога мајка ми почина, пораснав преку ноќ. Баба и тетка внимаваа на нас, но тоа не беше доволно. Немав детство во класична смисла на зборот, се грижев за сестрите, а и тие за мене. Меѓутоа, не е исто кога не чувствуваш баш никаква родителска љубов-искрено прокоментирала еднаш Арета.

Потекнува од семејство во кое музиката била најдоминантен сегмент од секојдневието, обдарена со талент и боја на глас карактетристична за темноцрни жени, многу брзо одлучила да се занимава со пеење. На 13 години станала истакната членка на црковен хор и многу брзо го снимила првиот албум Songs of Faith.

-Станав мајка многу рано, на 14 години го родив синот Кларенс, а после две години и Едвард. Никогаш не им кажав кој е татко им, ниту пак тоа ќе го направам. Знам дека тоа е себично, но таа тајна ќе ја однесам во гроб-тврдеше кралицата на соул музика, но подоцна призна како во младоста правела грешки поради кои во текот на животот страдала. Арета Френклин имала силна волја нејзиното име да стане значајно на американската поп, џез и соул сцена. Поради тоа решила своите синови често да ги остава кај бабата која ги чувала.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети