Суша и горештини во Индија, над 500 луѓе починаа
Објавено во: Свет 15 Мај, 2016
Во Индија над 500 луѓе починаа во изминативе три недели, како резултат на големата суша предизвикана од невообичаено високите температури за овој период од годината.
Ова денеска го соопшти индискиот Државен секретаријат за справување со последиците од елементарни непогоди. Горештините зафатиле огромен дел од територијата на Индија и предизвикале недостиг на вода за пиење за над 300 милиони жители во 256 окрузи во земјата.
„Состојбата е најтешка во сојузните држави Телангана, Одиша и Андра Прадеш. каде во последниве три недели починаа речиси 500 лица“ - стои во соопштението.
Во Одиша, каде починале 198 лица, се измерени рекордни температири за овој период од годината од дури 48 степени Целзиусови. Претстојново лето ќе биде најтопло во последниве 100 години, при што максималните температури во јужните индиски држави може да надминат и над 48 степени, соопшти индиската метеоролошка служба.
Поради големите жештини лани во Индија починаа над 2.000 лица.