20 Декември, 2025
0.0707

Свечена академија по повод 37 години општина Карпош

Објавено во: Мои пари 11 Ноември, 2013 18:59

Добивај вести на Viber

Со изведба на државната химна на Македонија, во присуство на 700 гости, вчеравечер во хотелот ,,Александар Палас’’, општинската администрација со пригодна свеченост ја одбележа 37 годишнината од постоењето на локалната самоуправа. На оваа манифестација присуствуваа претседателите и  делегациите од збратимените општини, Тиват (Црна Гора), Стари Град и Травник (БиХ), Нов Белград, Врњачка Бања и Сремски Карловци (Србија) и други видни личности од културниот и политичкиот живот од Македонија и од странство. Во рамките на свеченоста градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски беше прогласен за почесен граѓанин на општина Тиват, а потпиша протокол за соработка со Сремски Карловци и Врњачка Бања со што Карпош и официјално се збратими со овие две српски општини. Со документот потписниците на Протоколот се обврзуваат дека врз основа на вистинско меѓусебно почитување, засекогаш ќе воспостават различни форми на соработка, размена на идеи за реализација на проекти од заеднички интерес во областа на економијата, културата, образованието, туризмот, спортот, заштитата на природното и културното наследство. Потписниците на Протоколот ја утврдуваат заедничката обврска да придонесат кон развојот и јакнењето на локалните заедници, локалната самоуправа и нивната меѓусебна поврзаност, и да се збогатат сеопфатните односи и содржини за уште посилна и поуспешна поврзаност на луѓето и народите на двете општини. „Довербата од сé што беше сработено во изминатиот четиригодишен период, ја ставивме на проверка пред сите жители на Карпош. И заслужено победивме. Работевме многу, се трудевме многу и поддршката не изостана. Граѓаните избраа Карпош да оди по патот на развојот, на урбанизацијата, на осоврменување, на економски раст. Во чекор со светските трендови на енергетска ефикасност и еколошка заштита, во чекор со европското образование со глобалната хуманост и социјална инклузија, со демократизацијата и еманципацијата на општеството“,  истакна  Јакимовски кој најави дека локалната самоуправа ќе се  фокусира на поддигнување на развојна компонента и поддршка на крупни инвестициони проекти кои ќе донесат економски раст. Во рамките на оваа манифестација, Општина Карпош го прогласи македонскиот лауреат Михаил Ренџов,  за заслужен граѓанин на локалната самоуправа за 2013 година. Роденденската ноќ ја одбележаа настапот на Зоран Џорлев, Националниот ансамбл ,,Танец’’ и  Новосадскиот ансамбл ,,Зоруле’’.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии