Свечено отворање и започнување на работа на Асоцијација за Дистрибуција и Достава на разни Добра и услуги
Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2023
Асоцијација за Дистрибуција и Достава на разни Добра и услуги
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Асоцијацијата ги има следните цели и задачи:
Асоцијацијата управувана од членовите, преку интеракција и соработка, ги поддржува своите членови во навигацијата на пазарот што се развива и ги промовира нивните интереси до сите релевантни засегнати страни.
Претставувањето на интересите на поштенските оператори пред владата или државните регулаторни органи одговорни за политиките на поштенскиот сектор.
Овозможување поволности за своите членови преку размена на соработка, комуникација и иновации и преку обезбедување решенија за заедничките предизвици со кои се соочува поштенската индустрија.
Да им обезбедува на членовите интерконективност, заеднички развојни иницијативи и можност за споделување најдобри практики; ние исто така помагаме во олеснување на дијалогот во индустријата и обезбедуваме прилагодена поддршка за членовите по потреба, земајќи ги предвид потребите на широк опсег на засегнати страни и повеќекратните аспекти на одржлив развој.
Има за цел да биде влијателен играч во име на индустријата во рамките на поштенската ретулаторна средина.
Ги претставува и поддржува односите на своите членови со надворешните засегнати страни каде што е релевантно и соодветно.
Заштита на интересите на македонските даватели на поштенски и логистички услуги, а воедно и на корисниците на поштенските услуги, преку влијание врз донесувачите на одлуки во оваа област и подобрување на бизнисот на членовите на Асоцијацијата, преку воведување стандарди, промовирање на најдобрите практики во поштенскиот транспорт и обезбедување на услуги за членовите кои придонесуваат за нивните деловни цени.
Заштита на правата и интересите на членовите на Асоцијацијата пред домицилните власти во РС Македонија. „Право на основање и слобода за давање услуги“.
Зајакнување на позицијата на поштенските оператори, имајќи предвид дека коментарите и предлозите до надлежните институции ќе бидат посилни доколку се испратени од Асоцијацијата отколку поединечно од секоја компанија.
Подигање на углед на членовите од професијата преку нагласување на важноста на поштенските услуги за македонската економија, обезбедување професионален придонес во соработка со државните органи и приватните субјекти во решавањето прашања од заеднички интерес, креирање професионален кодекс на однесување и други стандарди за работа на транспортните компании на поштенски услуги.
Унапредување на мултилатерална стопанска соработка и заеднички настап на македонскиот пазар, како и воспоставување на соработка со други пазари; унапредување на трговијата, инвестициите и економската соработка помеѓу членките на Асоцијацијата и други компании од оваа област во соседните земји и светот.
Учествува во подготовките и изработување на Стратегијата за развој на поштенски услуги како и изготвување на национални поштенски регулативи во РС Македонија, со цел да се усогласат со поштенските директиви на Европската унија.
Утврдување на стратешките цели за развој и подобрување на пазарот за поштенски услуги, како и основните принципи и насоки за реализација на стратешките цели на развојот на развојот на поштенските услуги во РС Македонија.
Следење на новите светски економски, технолошки и социјални фактори во областа на поштенските услуги кој дратично се менуваат, но создаваат услови и можности за примена и користење на нови и модерни услуги на членовите на Асоцијацијата.
Дополнително подобрување на традиционалните и универзални поштенски услуги согласно со развојот на поштенската мрежа, развојот на модерни технологии, пред се електронските комуникации, технологии за Интернет и услуги за е-пошта, е-трговија, дигитализација, меѓународен бизнис, очекување на клиентите и задоволување на нивните потреби преку развој на нови технологии и нудење нови услуги.
Обезбедување достапни, сигурни и ефикасни поштенски услуги во РС Македонија во согласност со директивите на ЕУ и препораките на Универзалната поштенска унија.
Во последните неколку години, постои зајакнување на конкуренцијата на пазарот за поштенски услуги, пред се преку зголемување на бројот на оператори, како и значителна промена на цените на услугите во текот на годините, Асоцијацијата ќе се залага врз основа на анализата на одржливоста на поштенските услуга во согласност со променливите потреби на корисниците, да се дефинира соодветен модел кој ќе го редизајнира обемот и начинот на обезбедување на поштенски услуги и начинот на формирање на цените. Подобрување на конкурентен пазар со промовираме и поттикнуваме ефикасна и фер конкуренција во поштенскиот сектор. Со целосната либерализација на пазарот јасно дефинирање на ценовна политика на поштенските услуги.
Подобрување на задоволството на корисниците на поштенските услуги преку развој на поштенскиот пазар и неговото интегрирање во глобалните поштенски мрежи, поттикнување иновации, подигнување на квалитетот на услугите и обезбедување одржливост на универзалната услуга.
Подобрување на заштитата на интересите на корисниците на поштенските услуги.
Подобрување на преку граничниот поштенски сообраќај и меѓународна соработка во областа на поштенските услуги.
Подобрување на безбедноста и сигурноста на сите учесници во поштенскиот сообраќај и заштитата на животната средина и развој на човечките ресурси во поштенската индустрија.
Асоцијацијата своите цели и задачи ги остварува на следниот начин:
− континуирано следење и анализа на националното законодавство, здравството и праксата на земјите членки на ЕУ и активностите на другите меѓународни организации и современи здравствени системи,
− организирање и учество на настани, презентации, симпозиуми, конференции, семинари, обуки, советувања, научни средби, работни сесии, состаноци, работилници, трибини и дебати,
− директно и индиректно дејствување со цел подобрување на квалитетот на животот на лицата со афазија,
− советувања и консултации на лицата со афазија и други чинители,
− запознавање на надлежните институции со потребите и проблемите на лицата со афазија,
− следење и проучување на законската регулатива во насока на иницирање, предлагање и укажување на надлежните органи за донесување, измени и дополнувања на законски и други прописи и решенија,
− поддршка на истражувачки, образовни и други институции, чија дејност е поврзана со целите на Асоцијацијата,
− организирање на постојани или привремени информациони центри во земјата и во странство,
− организирање на концерти, изложби и други културни собири,
− други активности преку кои се реализираат или би можеле да се реализиираат целите на Асоцијацијата.
Пр објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.