15 Декември, 2025
0.0410

„Свесно го загрозува и внесува несигурност во секторот авиосообраќај“: М-НАВ со остра реакција

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2025 13:29

Добивај вести на Viber

 М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како заштита на права од работен однос, може да го остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е. 

Во врска со штрајкот што требаше да се одржи на 20 месецов во периодот од 10 до 15 часот, но Граѓанскиот суд донесе мерка за времена забрана,  завчера прес-конференција одржа правниот застапник  на М-НАВ адвокатот Горан Николоски, по што прес-конференција имаше и претседателот на ССКЛ Александар Тасевски. 

М-НАВ денеска во реакција на завчерашната изјава Тасевски наведува дека „јавно му се заблагодарува за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека е свесен дека постапува надвор од закон“. 

- На тој прес г-динот Александар Тасевски изјави дека: - Барањата за заштита на работнички права од работен однос, како причина за организирање на штрајк се доставени уште во 2023 година и директорите да ги побараат преку архивата на М-НАВ Воедно запрашан од страна на новинарите дали ако повторно одат на штрајк во следното известување ќе бидат наведени барањата за заштита од работен однос и ќе биде спроведена постапката за помирување, г-динот Александар Тасевски изјави дека дека не може да ги наведат барањата за заштита на права од работен однос, од причина што во тој случај ќе треба да почне нова постапка за помирување.

Во врска со изнесените наводи на Александар Тасевски јавно му се заблагодаруваме за неговото признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ – Подружница на Независен синдикат за сообраќај и врски за ден 20.10.2025 година, и забранет како незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје, е незаконит и дека Александар Тасевски е свесен дека постапува надвор од закон - се вели во соопштението од М-НАВ. 

Александар Тасевски, стои во соопштението, јавно призна дека свесно спроведува незаконски атак врз М-НАВ АД Скопје, односно дека свесно ја загрозува и внесува несигурност во секторот авиосообраќај и свесно го руши угледот на М-НАВ АД Скопје и на државата во целост.

- Со ваквите признанија уште еднаш се потврдува дека станува збор за лично политикантство и желба за самопромоција на Александар Тасевски. Исто така наводите на Александар Тасевски дека во законот се предвидува дека кој било синдикат вертикално, дали е тоа синдикат на работодавачи, синдикат на гранка или сојузот на синдикати има право да организира штрајк, се однесуваат исклучиво на Независниот синдикат за сообраќај и врски, а не и на Подружницата ССКЛ со оглед дека Подружницата не е синдикат, нема правен субјективитет и евентуалното организирање на Штрајк како заштита на права од работен однос може да ги остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е - посочуваат од М-НАВ.

ССКЛМ најави дека ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времена мерка за забрана на штрајкот, како и дека ќе побара предметот повторно да биде вратен на рочиште за да ја изложат својата одбрана.  

ССКЛ бара почитување на Спогодбата потпишана по најавата за штрајк во 2023 година. Клучни барања на ССКЛ се ангажирање консултантска фирма којашто професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието, вработување на стручни, а не, како што тврдат, партиски кадри на конкурсите за кои бараа поништување, како и подобри услови за работа.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро