Светот ќе остане без кафе?
Објавено во: Стил 07 Февруари, 2013 14:11
Истражувачите под водство на доктор Арон Дејвис, направија компјутерска симулација на влијателните климатски промени во источна Африка, каде што расте билката.
Тие заклучија дека во наредните 70 години, поради глобалното затоплување може целосно да се уништат местата кои што се погодни за растот на кафето.
Според заклучокот доколку јагленот диоксид продолжи да се ослободува со ова темпо, до 2080 година, 65 проценти од површината на која денес расте оваа билка ќе стане несоодветна. Но, постои можност до истата година, да исчезнат дури 99,7 проценти од денешните плантажи за кафе.
Проценките на експертите кажуваат дека цветовите на кафето се многу осетливи и кога температурата ќе стане повисока, тие лесно можат да се исушат. Од климатските промени пак е загрозен и квалитетот на билката, бидејќи зрната можат бргу да созрејат, што не е добро.
Дека последиците ќе бидат видливи и на глобално ниво, покажува податокот дека кафето веднаш по нафтата, е најпродаваниот производ во светот, со годишен извоз од 15 милијарди долари. Кафето, според сите показатели е најпопуларен пијалак во светот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





