Добивај вести на Viber
Светска банка и го одбри вториот побаран кредит на општина Прилеп, кој ќе биде наменет за доизградба на булеварскиот влез во градот од правецот на Плетвар.
- Станува збор за кредит од 800.000 евра за проширување на околу 1.200 метри од вториот крак од улицата ,,Александар Македонски“, која ќе прерасне во една модерна булеварска улица по евроски стандарди со четири ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни од бензиската пумпа на ,,Макпетрол“ до раскрсницата кај ,,Солидност“, каде ќе се гради кружен тек - информира градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Рокот на отплата на кредитот е 13 години, со 3 години грејс период и каматна стапка под 1%, а средствата мора да се користат за инфратсруктурни проекти кои докажуваат или зголемување на приходите за општината или намалување на нејзините трошоци.
Благодарение на навремено реализираниот прв кредит од околу 500.000 евра за изградба на првата фаза во должина од околу 800 метри која беше пуштена во употреба кон крајот на август, Општина Прилеп доби грант од 50.000 евра, а за овој навреме обезбеден втор кредит очекува нов грант од околу 80.000 евра.