30 Април, 2024
0.0266

СВЕТСКИ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Ова се 9 најразвиени економии со најдобар квалитет на живот

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Светскиот економски форум во Давос стартуваше денеска. Организацијата ја претстави својата листа на 109 држави, наречена „Сеопфатен индекс на развој“ (Inclusive Development Index).

Листата ги споредува земјите во 12 клучни показатели за развој во 3 главни групи - Раст и развој, Сеопфатност и Интеграција и одржливост.

Светскиот економски форум го следи развојот на следните индикатори:

-Раст На БДП, перформанси на работната сила и здрав живот

-Среден Доход на домаќинствата, сиромаштија и нееднаквост

-Нето заштеди, демографија, задолженост, загадување на животната средина.

Од 109-те испитани земји, 30 се на листата за напредни економии. Велика Британија е број 21, а САД - 23.

Ова се 9-те напредни економии со најдобар квалитет на животот:

9. Нов Зеланд

Тука најсилните показатели се високо ниво на образование и одлични услови за водење бизнис. Помалку се претставува земјата во показателите за вработување и перформанси.

8. Австралија

Земјата ги има едни од највисоките резултати кај инвестициите во реална економија, претприемништво, образованието и здравствените услуги. Резултатите и се послаби во однос на продуктивноста на трудот и нивото на платите.

7. Холандија

Холанѓаните се радуваат на највисоко ниво на образование, инфраструктура и здравството, но земјата се справува лошо во споредба со своите конкуренти, во инвестициите во реалната економија.

6. Шведска

Услугите и инфраструктурата тука се меѓу првите во светот, како и бизнис и политичката етика. Земјата е на високи позиции по ниво на плати и надоместоци.

5. Данска

Таа е со високи резултати во сите испитувани области, со исклучок на инвестиции во реална економија.

4. Исланд

Малата северна земја има добри индикатори, но се претстави слабо во однос на финансискиот систем. Ова е причината да не е во Топ 3.

3. Швајцарија

Со високи резултати по сите критериуми, особено продуктивноста.

2. Луксембург

Малото Војводство ги има едни од највисоките резултати во однос на здравството, образованието, кириите и бизнис и политичка етика.

1. Норвешка

Норвешка е најразвиена земја во светот. И иако нејзината економија бележи кревка раст од 0,5%, граѓаните и уживаат во најдобар квалитет на животот, а стандардот им се зголеми за 10,6% во годините од 2008-та до 2013-та, тврдат од Светскиот економски форум.

Можеби ќе ве интересира

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време