20 Април, 2024
0.0257

Светски познат невролог: Михаел Шумахер ќе остане инвалид до крајот на животот?!

Објавено во: Стил 20 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Еден од најпризнатите светски специјалисти неврологот Ериг Рајдер се сомнева дека Михаел Шумахер некогаш целосно ќе се оправи од несреќата која му се случи на 29 декември минатата година на скијање.

Рајдер смета дека славниот возач на Формула 1 доживеал трајни оштетувања и дека ќе биде голем успех доколку би можел сам да извршува некои основни функции.

„За жал Михаел ќе остане инвалид до крајот на живото, ќе биде зависен од други луѓе. Тој доживеа трајни оштетувања така да ги биде голем успех доколку би можел да седне без туѓа помош за три месеци, или да управува со електрична количка за шест месеци“ рекол Рајдер.

Сепак, познатиот невролог вели дека е големо охрабрување тоа што Шумахер се разбудил од кома после шест месеци.

„Тоа е неверојатно позитивна порака кога некој се пробуди од кома после помалку од година дена. Тоа е позитивно за нго и семејството, многу е важно“.

Медицински експерти и порано истакнуваа дека еден од десет пациенти кои поминат толку месеци во кома успеат да опорават се или повеќе ментални и физички капацитети.

Михаел Шумахер на 29 декември доживеа несреќа на скијањето во француските Алпи. Од тогаш бил сместен во болницата во Гренобл. Неговата менаџерка Сабина Кем соопшти на 16 јуни дека Германецот не е повеќе во кома.

Тогаш е преместен во рехабилитационен центар во Лозана, кој се наоѓа во близина на неговиот дом.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган