30 Април, 2024
0.0238

Светско – прв впечаток

Објавено во: Колумни 18 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Деновиве насекаде се зборува само за Светското првенство во фудбал. И оправдано - тоа е најголем фудбалски собир што имаме можност да го гледаме секоја четврта година.

За денес се решив и јас, онака лаички, од прва, да напишам неколку збора за мојот личен прв впечаток за почетокот на првенството и сето она што го опкружува истото. Натпревари Првите неколку дена, за жал беа одбележани од судиски грешки. Еуфоријата околу почетокот на Светското набрзо се претвори во горка реалност за неколку репрезентации, пред се поради судиски грешки: поништени голови, непостоечки пенали, спорни офсајд ситуации... Новата гол технологија беше непотребно користена на првите два-три натпревари, дури и при ситуации кога топката не само што ја мина гол линијата, туку речиси и ја скина мрежата на голот. Доста ефикасни натпревари, со многу голови, најпријатно изненадување досега - Костарика, разочарување од Шпанија. Реклами Правилата за рекламирање кажуваат дека дури траат преносите на натпреварите, истите не смеат да се прекинат со никаков тип на реклама (ТВ спот, pop-up, кајрон). Од гледачки аспект тоа е сосема во ред, бидејќи ќе можеме непрекинато да уживаме во преносите од натпреварите. Гледаме дека има доста спонзори на Светското првенство. Веќе после првите натпревари може да се забележи дека едни од главните адвертајзери ќе бидат: Т-Мобиле, Стопанска Банка, Златен Даб, Скопско, Кока-Кола, Стоби Флипс, Пепси, Туборг, Евн, Пелистерка... Ме радува што речиси сите реклами што се емитуваат околу натпреварите се наменски продуцирани специјално за Светското првенство. Во рекламна смисла, она што за Американците е Супер Бол, за нас изгледа е Светското првенство во фудбал. Уште да можеме и ние да се пласираме... Студиска програма Ќе морам малку да го искритикувам студиото на МТВ. Изгледа невкусно, монотоно, стерилно. Па дури и името е чудно  - “Мундофорија“. Ај за Европското пред две години, кога победи на Евровизија песната „Еуфорија“ па емисијата ја крстија „Еурофорија“, некако ми имаше смисла... Сега, Мундофорија... некако не ми оди. Не сакам ни да замислам какво ќе биде името ако се решат да пренесуваат Афрички или Азиски куп. Гостите се истите едните исти, како и за натпреварите во Лигата на Шампионите. Мислам дека ретко кој им обрнува внимание. Најдобронамерно ќе препорачам дека мора значајни промени да се направат во студискиот дел од Светското  - нови и поинтересни гости, поаналитични и аргументирани дебати, графици, споредби,  интеракција со гледачи, награди....било што друго, само не ова. Ако не се лажам, има и двајца наши новинари во Бразил, а не видов досега ниту едно интервју со тренер, играч. Само вклучувања од кафичите на улица Македонија, каде некои наши шемаџии со дресови се прават Бразилци. Тие не ме интересираат, дајте да видиме што се случува во Бразил. Во студиото изостанува графика, статистики, вистински стручни анализи, а не паушални изјави од типот “Ковач тука згреши„ или “Сколари требаше вака да направи“... Човек да помисли дека нашиве тренери се најдобри во свет. Некогаш и репризите од головите не можеме да ги видиме од гостинот кој го наместиле на сред екран. Добро е што има барем резултат и време на натпреварите. .. Коментатори На социјалните мрежи има доста критики за новинарите, за начинот на известување и за нивните лапсузи. Мене ми се некако ок дечките, спремни се и искусни. Тандемот Калински - Панчев заслужува посебно внимание. Мене ми се супер симпатични, интересни и харизматични. Кога го одбрале Панчев за помошник коментатор, веројатно се сметало дека ќе внесе стручност во анализите и некои свои искуства. Наместо тоа, добивме коментатор со „маалски“ јазик, со интересни коментари, вицкаст, отворено навивајќи за одредени репрезентации. Сериозно ми се супер Калински и Панчев, па дури и сите нивни „бисери “ се одлични. Внесоа една нова интересна нота и една живост во преносите. Браво за МТВ, тандемот ми ги прави натпреварите позабавни. Ненад Ристовски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД