06 Октомври, 2024
0.0325

T-Mobile објави партнерство со Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

T-Mobile објави партнерство со македонските музички ѕвезди: Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани. Станува збор за долгорочна соработка, која почна со интерактивна кампања за тарифата Play, но и несекојдневно музичко изненадување за корисниците.

Видео спотот се снимаше на плоштад Македонија, каде беа поставени караоке кабини и секој случаен минувач можеше да ги испроба своите гласовни способности. Навидум обичното караоке преминуваше во дует со една од нашите познати музички имиња: Калиопи, Владо Јаневски и Венера Лумани. Инволвирајќи ги ѕвездите и корисниците, T-Mobile ја промовира новата Play понуда во постпејд, со намалена месечна претплата. Со оваа понуда корисниците добиваат неограничени разговори кон корисниците на T-Mobile и T-Home, неограничен интернет на најбрзата 3G мрежа, повеќе вклучени минути кон останатите мрежи, како и одличен избор на паметни телефони по промотивна цена. „T-Mobile е компанија која веќе е добро позната на јавноста како поддржувач на добрата македонска музика. Соработката со Калиопи и Владо не е нова, со ова партнерство само ја зацврстуваме врската со веќе докажаните, но бираме и ново лице, младата и талентирана Венера Лумани, која победи на минатогодишниот Voice of Albania, и на тој начин даваме поттик во развојот на кариерата на новите таленти. T-Mobilе e и компанија која им овозможува на корисниците да споделат единствени моменти, но и да им овозможи вредност повеќе за истите пари, што е и случај со Play. Оваа кампања е почеток на партнерството со нашите ѕвезди, но е продолжување на политиката на T-Mobile Македонија за дополнителна вредност за корисниците“ – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на T-Mobile Македонија. Новите, освежени Play тарифи овозможуваат неограничена мобилна комуникација, MaxTV  на мобилен телефон, и секако, најдобро интернет доживување на најбрзата 3G мрежа. За корисниците за кои разговорите се најбитни, новите Smart тарифи овозможуваат целосно опуштена мобилна комуникација. Повеќе информации за Play на: www.t-mobile.mk

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми