18 Декември, 2025
0.2088

Тачи и Дачиќ во Брисел – постигнат договор за изборите и за нормализација на односите

Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2013 19:46

Добивај вести на Viber

Премиерите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ, во Брисел се  договорија за новите чекори во однос на изборите и за нормализација на односите, соопшти високиот претставник за надворешна политика на ЕУ , Кетрин Ештон. Како што се наведува во соопштението, Ештон е задоволна од договорот, а за деталите од продолжувањето на изборите ќе се грижат властите во Приштина. Тема на разговорите биле и Бриселскиот договор и продолжувањето на неговата имплементација, а како што заклучува Ештон „ќе биде забрзан напредокот со цел да се оствари она што го посакуваме“. Двајцата премиери се согласија да продолжат да работат врз Спогодбата за нормализирање на односите , а и двете страни се подготвени да ги исполни задачите што се пред нив, се вели во соопштението на Ештон. Претходно централната изборна комисија ги поништи изборите во три избирачки места во Северна Митровица и донесе одлука да се повтори гласањето. Според косовскиот премиер локалните избори на 3 ноември биле успешни и ја докажале вредноста и легитимноста на договорот меѓу Белград и Приштина, изјави тој во Брисел пред состанокот со Кетрин Ештон. Изборите беа важен европски тест за Косово и кој е успешно положен, смета Тачи. Дачиќ пак ги повика косовските Срби што помасовно да излезат на изборите на трите изборни места во Косовска Митровица. Таму неделните локални извори беа прекинати поради насилни инциденти.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии