ТАГА ДО НЕБО: Срцепарателни фотографии од близнаците кои загинаа кај Пожаревац
Објавено во: Балкан 05 Август, 2019
Соседството тагува за семејството чии животи згаснаа во кобна сообраќајна несреќа.
Татко, неговата мајка и осумгодишни близнаци настрадаа во несреќата кога на нивниот автомобил „ситроен“ налетал „фолксваген шаран“ зад чиј волан бил фински државјанин со косовско потекло.
Како што пренесоа медиумите од Србија загинале Александар Пешиќ кој имал 42 години и неговата мајка Станица (75) а финскиот државјанин Адем Смали наводно бил Албанец од Косово.
Она што ја прави оваа трагедија уште поголема е тоа што несреќата првично ја преживеало едно од момчињата но за жал починало во болница.
Нивните родители грчевито се бореле повеќегодини за потомство а сега им се случи оваа трагедија.
Ужаснат од овој немил настан и погоден е дедото Милутин кој останал без сопругата, синот и двајцата внуци.