23 Ноември, 2024
0.0271

ТАЈНИТЕ ЖЕЛБИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ: Јарецот успех по секоја цена, шкорпијата да контролира…

Објавено во: Општо 09 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Покрај секојдневните желби кои ги кажуваме и остваруваме, секој има и некои потајни желби кон кои цели, но понекогаш не ги искажува. Сигурно би сакале да откриете што сака вашиот партнер или пријател, каква цел има поставено пред себе и колку вие се согласувате со тоа.

Ако не сака да ви каже, тоа може да го откриете според хороскопот.

Овен

Тој сака секогаш да биде прв во сè, да победува и да ги води другите. Овенот сака да биде лидер во тимот, да го има главниот збор во врската или да го послушате кога нешто ви кажува.

Бик

Сака да се грижи за финансиите, да ги поседува работите и да се ослободи од сите стравови. Бикот може да ги одбере материјалните работи пред духовните или кај партнерот повеќе да ја цени финансиската отколку емотивната состојба.

Близнаци

Тие сакаат да го имаат вистинскиот одговор на секое прашање и да им се допаднат на другите луѓе. Сакаат кога некој ги поддржува, се согласува со нив или им се восхитува. Сакаат да се докажуваат и да победуваат.

Рак

Ракот сака да ја пронајде љубовта на својот живот, да сака и да биде сакан. За Ракот најголем предизвик и најголема желба е да успее да има семејство полно со љубов и хармонија.

Лав

Лавот сака да владее со светот, сите да го обожаваат и да живее живот на висока нога. Потајно сака да биде главен во сè, да му се воодушевуваат и да му аплаудираат. Тоа нема да ви го каже, но го истакнува со својата појава и начинот на зборување.

Девица

Силна и самоуверена, Девицата сака да биде херој, да успева во сè што ќе започне и да се докажува постојано со своето знаење и интелект. Сака да го знае решението на секој проблем и тоа ѝ е најголема награда.

Вага

Најголема желба на Вагата е да биде рамноправна, да биде почитувана и сакана. Сака сè да биде еднакво и според правилата. Сака да ја подели работата со останатите и да биде дел од тим. Сака кога се ценат нејзините достигнувања.

Скорпија

Мора сè да држи под контрола. На Скорпијата не смее да ѝ помине ништо без да забележи, особено ако се однесува на нешто лично. Посесивна е и сака она што е нејзино да не го дели со никој друг.

Стрелец

Сака да успее преку забава. Не сака премногу детално да навлегува во работите, но сака да успее сè да оствари и да постигне голем успех, но тоа да не изгледа премногу нападно пред другите. Сака кога му се воодушевуваат на позитивниот дух и безгрижноста и кога ги забавува пријателите.

Јарец

Јарецот не бира средства до целта. Сака да успее по секоја цена, независно од другите. Потајно, најважен си е на сам себе и сигурно би ги оставил сите ако тоа го води побрзо до остварувањето на желбите.

Водолија

Ја сака искреноста и верноста. Водолијата сака да биде сакана и почитувана. Најмногу ги сака долгите врски во кои ќе успее да го натера партнерот да биде максимално поврзан со неа и да биде дел од нејзиниот живот исто колку што е таа од неговиот.

Риби

Рибите сакаат да го добијат она што го заслужуваат и ништо друго. Не се истакнуваат премногу и не очекуваат нешто на подарок. Сакаат да ги заслужат работите, да се докажат и она што ќе го добијат да им биде сигурно и само нивно.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.