06 Декември, 2025
0.0276

Тајното швајцарско оружје на Starbucks

Објавено во: Стил 07 Август, 2014 07:49

Добивај вести на Viber

Додека Starbucks го засилува своето влијание во Кина, едно од малку познатите нејзини оружја е семејната фирма во швајцарско гратче. Централата на Thermoplan AG се наоѓа меѓу пасиштата во Вегис, гратче со 4.400 жители. Фирмата произведува автоматски машини за еспресо и капучино, кои Starbucks ги користи во секое едно од речиси 21 000 установи во светот. Со своите 230 вработени Thermoplan која извезува 98% од своето производство, е симбол на швајцарските глобално ориентирани мали и средни компании кои вложуваат на изработка, за да го движат својот бизнис напред. Договорот за слободна трговија меѓу Швајцарија и Кина и зголемената популарност на кремастото кафе во азиската страна покажуваат дека Кина е на пат да стане најголемиот пазар на Starbucks надвор од САД. Ова го предизвикува главниот извршен директор на Thermoplan Адријан Штајнер да гледа оптимистички на иднината. Thermoplan е меѓу многуте компании кои упатуваат поглед кон развојот на својот бизнис во Пекинг и Шангај. Од своја страна минатиот месец Starbucks изјави дека планира да отвори нови 800 ресторани во Кина и азиско-пацифичкиот регион во фискалната 2015 година. Крем Развојот на Thermoplan во светот на кафето може да се проследи три децении наназад, кога компанијата почна да прави машини за шлаг. Подоцна, во 1999 година, кога има само 20 вработени, компанијата има среќа да склучи ексклузивен меѓународен договор со Starbucks. Во тоа време синџирот решава да ги замени своите традиционалните машини за еспресо со автоматски. Благодарение на договорот машините на Thermoplan влегуваат во сите објекти на Starbucks - од Њујорк и Париз до Пекинг. Цената на основниот модел машини на Thermoplan започнува од 7000 франци (7700 долари), додека поголемите, само-чистење уреди се продаваат за околу 17 000 франци. Машината Mastrena која Thermonplan ја произведува исклучиво за Starbucks, беше претставена во 2008 година. За да направи капучино со неа, операторот треба само да го избере видот на кафето од компјутеризирано мени. Договорот меѓу двете компании треба да биде обновен во наредната година, но земјите одбиваат да коментираат на таа тема. Иновации Штајнер тврди дека способноста на компанијата да работи брзо и иновативно е она што помогнало за склучувањето на зделката. Тој го нарекува "силата на големата и флексибилноста на малата" компанија. Поставувањето на една машина, што се случува главно на рака, трае шест до осум часа. Во еден момент Thermoplan снабдува 84 машини на ден на најголемиот кафе оператор во светот. Денес со седиште во Сиетл гигантот носи една третина од продажбата на Thermoplan. Меѓу другите клиенти на компанијата се Nestle, Google и Costa Coffee. Приходите на Thermoplan достигнаа 130 милиони франци минатата година. Компанијата се уште не размислува за иницијална јавна понуда, иако Штајнер одбива да зборува за иднината на фирмата. Силниот франк Независно од високите производствени трошоци и неповолни девизниот курс производството на Thermoplan е концентрирано во Швајцарија. "Секако, направивме анализа на она што ни е потребно за да произведуваме во Германија, во Источна Европа и дури во Малезија", открива Штајнер. Во одделот за истражување и развој на Thermoplan работат 40 лица, а во производството - 140. Изобилството од квалификувана работна сила, законите кои го прават вработувањето и ослободување на вработените лесно, добрите државни услуги и ниските даноци се работите кои ги задржуваат компаниите дома, наведува главниот извршен директор. Во 2011 година, кога Франкот речиси достигна паритет со еврото, Thermoplan ги намали цените со 5%. Девизниот курс веќе не е проблем, додава Штајнер, нагласувајќи дека платите во Швајцарија се високи. "Украина, Русија, Казахстан - тие допрва го откриваат капучиното", посочува тој. "Фасцинантено е како еден пијалок го менува светот", вели тој. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: