27 Април, 2024
0.0326

Таравари ја соопшти мистериозната болест од која починаа таткото и синот од Симница

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Починатите татко и син од Смница имале хеморагична треска-хантан. Ова го соопшти министерот за здравствоАрбен Таравари

„Испитувањата од две лаборатории каде што се направени анализите на серумот и крвта на пациентите потврдиле етиолошки агенс, поточно се работи за вирус кој е најчест причинител на акутни хеморагични трески со бубрежен синдром во овој регион, кој не се пренесува од човек на човек. 

Таравари, кој ја извести јавноста преку видеобраќање од САД каде е во работна посета, нагласи дека се работи за подобрата варијанта на хантан вирусот  кој, за среќа, не се пренесува  од човек на човек, туку  се пренесува само од глодари. Двајцата починати татко и син од гостиварското село Симница најверојатно го презеле вирусот преку храна движејќи се на терен каде имало глодари. 

„Овој вирус спаѓа во групата на хеморагични трески. Меѓутоа е најдобрата, најлесната варијатна бидејќи нема трансмисивност од еден на друг човек. Состојбата е под комплетна контрола, посочи Таравари, нагласувајќи дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести постојано ја следат состојбата и ги преземаат сите неопходни мерки.

Рече дека е направена комплетна дезинсекција, дератизација, дезинфекција  на тернот каде што се движеле двајцата починати пациенти, а доктори од Клиниката за инфективни болести биле во Одделот за инфективни  болести во Гостивар и им дале инструкции на лекарите и медицинскиот персонал. 

Министерот за здравство демантираше дека има уште едно починато лице. 

„Комплетно се шпекулации  дека има уште еден починат од  ваква боелст. Не е вистина. Значи, седумте пациенти коишто се хоспитализирани  од Гостивар, кои  биле во контакт  со веќе починатите, се во добра состојба, без никаков ризик по нивниот живот“, потенцираше Таравари. 

Соопшти и дека од почетокот на годинава до сега во Клиниката за инфективни болести имало и други четири пациенти кои биле инфицирани со  овој вирус. Тие немале никакви  последици, излекувани се и  се во добра и стабилна  состојба. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“