17 Мај, 2024
0.2781

Таравари за уставниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ: Ова не е Хрватска, Албанците се 30 отсто

Објавено во: Македонија 02 Април, 2023

Добивај вести на Viber

За Арбен Таравари, претседателот на Алијанса за Албанците, предлогот за уставни измени на ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив, бидејќи како што вели, примерот со Хрватска е несоодветен за македонски прилики, при тоа користејќи се со проценти од вкупното нерезидентно и резидентно население.

„Решението што го нуди овој политички субјект во однос на Преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти, реагира Алијанса на Албанците на повикот на опозициската партија да го следиме хрватскиот терк при уставните измени.

Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење“, велат од Алијанса за Албанците.

Инаку вкупното население што живее во земјава е 1.836.713 граѓани, од кои најмногу - 58,4 отсто се Македонци, а 24,3 Албанци, покажа минатогодишниот попис. Споредбено со 2002, намалување има и кај Македонците за над 200.000 и кај Албанците за околу 60.000, но колку тоа е во реалноста, јасна слика не може да се има, бидејќи административно биле попишани околу 132.000 луѓе или 7,2 отсто.. За нив информациите биле прибрани преку бази на податоци, но не се знае етничка припадност.

Можеби ќе ве интересира

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник