21 Април, 2025
0.0281

ТАРИФНАТА ВОЈНА СЕ ВЖЕШТУВА: Европските земји ги увоија контрамерките - ЕУ удира врз Америка

Објавено во: Економија 09 Април, 2025 17:22

Добивај вести на Viber

Европската унија одобри воведување контрамерки во форма на царини за американски производи во вредност од околу 22 милијарди евра, како што се соја, мотоцикли и сок од портокал.

За воведување тарифи гласаа 27 земји-членки, сите освен Унгарија, соопшти Европската комисија.

„ЕУ смета дека американските царини се неоправдани и штетни, бидејќи предизвикуваат економска штета на двете страни, како и на глобалната економија. ЕУ јасно стави до знаење дека претпочита преговори со САД кои би резултирале со избалансирани и заемно корисни решенија“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Како одговор на тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум, ЕУ ќе ги воведе своите контрамерки во три фази.

Првиот бран стапува на сила следната недела, вториот во средината на мај, а третиот на крајот на годината, во декември.

Според информациите на четворицата дипломати вклучени во гласањето, единствена членка која се спротивстави на пакетот мерки е Унгарија, додека останатите 26 земји гласаа за усвојување на мерките.

„Понатамошната ескалација не е решение. Ваквите мерки дополнително ќе и наштетат на европската економија и граѓаните преку поскапување. Единствениот излез се преговорите, а не контрамерките“, објави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто на мрежата Х.

За предлогот да биде отфрлен, најмалку 14 членови ќе треба да гласаат против, што се сметаше за неверојатно со оглед на демонстрациите на единство во последните недели.

Нови мерки против царините на Трамп

Мерките сè уште не се одговор на едностраната одлука на Трамп да воведе „реципрочни“ царини од 20 отсто за целиот извоз на ЕУ, што стапи на сила денеска на полноќ, ниту на неговите најнови царини од 25 отсто за автомобилите.

Трамп најави и дека наскоро ќе воведе царини за фармацевтските производи.

Европската комисија размислува за сопствени контрамерки на потезите на Трамп, а според портпаролот за трговија, Олоф Гил, тие би можеле да бидат претставени веќе следната недела.

„Ќе биде многу наскоро. Очекувам дека може да биде веќе следната недела“, рече Гил во вторникот.

Трамп бара од ЕУ да го намали својот трговски суфицит со САД, на пример со купување на нереално големи количини гас или со олеснување на безбедносните стандарди за автомобилите.

Иако Европа извезува повеќе стоки во САД отколку што увезува, Америка затоа има суфицит во услужниот сектор.

Вкупната трговска размена меѓу двете страни е вредна околу 1,3 трилиони евра, а реалната разлика е околу 50 милијарди евра.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен оваа недела повторно предложи укинување на сите индустриски тарифи - преку таканаречениот договор „нула за нула“ - што ќе се однесува на двете страни.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

СТАНОВИ, ГАРАЖИ ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ: ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПРОФИТ? Еве каде да инвестирате 100.000 евра

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НАШ ПРИОРИТЕТ“: Живковски вели сите постапки ќе бидат онлајн, но шалтерите остануваат активни

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

„ОДЛАГАЊЕ НЕМА ДА ИМА“: пазарниот инспектроат на терен, проверуваат дали се применува мерката за објава на цените на Интернет

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

ЧЕТИРИ СЛАТКИ ЗАДОВОЛСТВА ПОВЛЕЧЕНИ ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА - содржат состојка која не треба да ја имаат

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

„НЕ ОЧЕКУВАМЕ РЕЦЕСИЈА“: ММФ не предвидува криза и покрај царините на Трамп

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите

КИНЕСКИТЕ ГИГАНТИ „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ ПОТВРДИЈА: еве од кој датум ќе пораснат цените на производите

НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата

НЕЛЕГАЛЕН МОНОПОЛ - Гугл прогласен виновен за експлоатација на онлајн технологијата