15 Декември, 2025
0.0496

„ЦЕЛОСНО НЕУПОТРЕБЛИВА АЛАТКА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ“: СДСМ со остра реакција за мерката за објава на цените

Објавено во: Економија 19 Април, 2025 21:32

Добивај вести на Viber

Откако мерката на Владата, со која маркетите задолжително треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, наиде на голем потсмев кога беше најавена, сега истата се докажува и како целосно нефункционална, реагираат од опозициската СДСМ. 

- На граѓаните им е потребен околу еден час само за да споредат еден производ во сите маркети. Доколку треба да направат споредба на сите производи што редовно ги купуваат, веројатно би требало да земат ден одмор од работа.

СДСМ уште на почетокот алармираше дека оваа бесмислица ниту ќе помогне да се намалат цените, ниту некој реално ќе има корист од неа, но Владата не слушаше - укажуваат од опозициската партија. 

Од таму додаваат дека наместо да ги прифати мерките на СДСМ, со кои реално ќе се намалеа цените на основните производи, Владата реши да им замачкува очи на граѓаните.

- Резултатот, месеци подоцна, е целосно неупотреблива алатка, осудена на пропаст – и цени кои се вивнати во небо.

Десетици милиони евра е државниот грабеж што им е направен на граѓаните како резултат на лошите политики на Владата и работењето во интерес на трговците - укажуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети