15 Мај, 2024
0.0319

Телеком и партнерот Microsoft предводници на cloud иновации

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

 


  • Cloud услуги за големи корисници за поефикасно работење и раст на бизнисот

Дојче Телеком ги проширува своите cloud услуги за Централна и Источна Европа. Заедно со Microsoft, Дојче Телеком Групацијата ќе обезбеди високо стандардизирани cloud услуги за Microsoft Azure јавната cloud платформа, Dynamics 365 и Office 365 во девет земји, вклучувајќи ја и Македонија, коишто се прилагодени на потребите на локалните претпријатија. Ова e резултат на стратешкото партнерство најавено минатата година од страна на Дојче Телеком и Microsoft.

Со ова партнерство и Македонски Телеком како дел од Дојче Телеком Групацијата го проширирува своето портфолио на cloud услуги, во насока на забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Новите услуги ќе овозможат обезбедување на cloud технологиите за неколку минути, со што корисниците ќе може да заштедат од 30 до 50 отсто од ИТ оперативните трошоци, во споредба со сопствените решенијата.

Microsoft cloud понудите им овозможуваат на претпријатијата поефикасно да работат и да го развиваат нивниот бизнис. Во комбинација со новите стандардизирани услуги, на Телеком корисниците ќе им се овозможи да го искористат потенцијалот на Microsoft cloud платформата на поедноставен и побрз начин. Партнерството на Дојче Телеком и Microsoft е дел од посветеност за развој на регионот, да се овозможи дигиталната иновација, да се ослободи креативната моќ, како и да се создадат нови можности за раст. Богатите партнерски еко-системи и изградба на cloud експертиза се најдобриот одговор за преголемата побарувачка за дигитална трансформација на пазарот.

Понудите за новите cloud решенија освен Македонија, ги опфаќаат уште осум други земји членки на ДТ, меѓу кои Полска, Република Чешка, Словачка, Хрватска, Унгарија, Романија, Црна Гора и Грција. Според потребите, Телеком ќе ги направи ресурсите достапни насекаде и во секое време како комбинација на приватните и јавни cloud платформи.

Врз основа на сеопфатното искуство од работењето со повеќе од 60.000 cloud системи за деловните корисници насекаде во светот, Дојче Телеком ќе ги прилагоди Microsoft cloud решенија според барањата на клиентите во Централна и Источна Европа. Со тоа, претпријатијата, искористувајќи го основниот бизнис на Дојче Телеком, сега може да добијат водечки cloud и телекомуникациски услуги од едно место.

Можеби ќе ве интересира

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?