18 Јануари, 2025
0.0344

Телеком и Т-Мобиле со пад на приходи од говорни услуги, раст на интернет и IPTV сегментот

Објавено во: Мои пари 09 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Резултатите за работењето на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија за првата половина од годинава покажуваат продолжување на  трендот на пораст во интернет и IPTV сегментот, а драстично намалување на приходите од говорните услуги.

Според денешното соопштение од компаниите објавено на Македонска бера, во текот на првото полугодие  од годинава година, приходите на ниво на Групација изнесуваат 6,3 милијарди денари што претставува намалување од  9,2 проценти во споредба со истиот период лани. Нето добивката е намалена за 39,5 проценти и изнесува 1,1 милијарди денари.

Во соопштението се наведува дека и покрај негативните трендови Македонски Телеком, според интерните проценки, зазема 71 процент од пазарот во сегментот на фиксна телефонија и 53 проценти во широкопојасниот интернет.

Наспроти падот на приходите од говорните услуги, расте интернет и IPTV сегментот. Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемени за 8 проценти во споредба со првото полугодие од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите, според соопштението, донел зголемување на DSL корисниците за 10 проценти со што корисничката база на DSL на крајот  на јуни годинава е 180 илјади корисници.

- Иако Македонски Телеком, со IPTV услугата влезе како предизвикувач на пазарот што веќе беше доминиран од страна на операторите на кабелски телевизии постигна 58 проценти зголемување на бројот на IPTV корисници во споредба со крајот на јуни 2012 година. Како резултат на квалитетната услуга, интерактивноста и единственото ТВ искуство, корисничката база во вториот квартал достигна број од 80 илјади корисници, се вели во соопштението.

Оперативните расходи во првото полугодие од 2013 година, оценуваат од компанијата, остануваат релативно стабилни споредено со истиот период лани.

Според соопштението,  Т-Мобиле Македонија останува лидер на пазарот на мобилната телефонија со 48,1 проценти удел според интерните податоци. Намалувањето на приходите се должи на намалувањето на приходите во говорните малопродажни услуги. Но, и  покрај силната конкуренција, корисничката база на Т-Мобиле на крајот на јуни годинава е 1,2 милиони корисници.

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение