Добивај вести на Viber
Tелекомуникацискатa кула на Водно во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенциите ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст, информира Скопје инфо.
Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра.
Гранит преку Македонската берза извести дека кулата ќе биде готова за пет години и ќе чини 17,6 милиони евра.
За овој објект со истата градежна компанија е потпишан уште еден договор во висина од 24,6 милиони денари во декември минатата година, објави порталот Билд во јули.
Во рамките на овој објект ќе има и ротирачки ресторан од кој ќе се гледа панорама на Скопје. Кулата ќе биде висока 155 метри, а во неа ќе има и административни простории за Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и за Министерството за внатрешни работи (МВР). Кулата ќе биде повисока и од зградата на МТВ (70 метри) и од висококатниците на Џеваир Холдинг во Аеродром (135 метри).