06 Декември, 2025
0.0354

Телепатија: Прв успешен тест на далечина

Објавено во: Стил 05 Септември, 2014 17:49

Добивај вести на Viber

Една личност во Индија и една во Франција успеале да комуницираат без ниту еден изговорен или напишан збор и без визуелен контакт - исклучиво по пат на мислите.

Тим на истражувачи од Хардвар успеал прв пат по пат на мисли да изврши размена за информации помеѓу две личности оддалечени една од две повеќе илјади километри.

Експериментот, чиј тек детално е изложен во научниот магазин  PLoS One, е сличен на телепатијата, т.е способноста на размена на мисли и чувства помеѓу две личности на далечина, без посредство на било каков медиум.

Во него учествувале четири лица, на возраст од 28 до 50 години, од кои една, во Индија, праќала пораки, додека останатите три, во Франција ги примале.
Истражувачите користеле интернет и електроенцефалограм.
На главата на „праќачот“ на пораката, поставиле еклектроди поврзани за компјутер кој неговите мисли/пораки, претворени во електрични импулси ги преведувал во својот, бинарен систем и ги праќал на друг компјутер кој се наоѓал на 8000 километри подалеку, во северниот град на Франција Стразбур.
Примачите добиле порака во вид на светлосни сигнали. Имале превез околу очите, а компјутерот им ја пренесувал пораката во мозокот по пат на транскријални магнетни симулации. Се работи за симулација на визуелен церебрален кортекс. Личностите во Стразбур биле во состојба да ги протолкуваат светлосните сигнали и да примат пораки кои им биле пратени далеку од Индија.
„Сакавме да дознаеме дали две личности можат директно да комуницираат по пат на мозочни активности и тоа на голема физичка оддалеченост, користејќи ги постоечките комуникациски патишта, пред се интернетот. Се поставува прашањето дали е можно да се прескокне говорот и пишувањето преку интернет и да се воспостави директна комуникација мозок-мозок помеѓу два субјекти кои се физички раздвоени“ рекол Алваро Пасквал Леон, еден од авторите на студијата.
Научниците сметаат дека ова е прв чекор во истражувањето на новите средства на комуникација и интеракција, имајќи ја првенствено предвид можноста за комуникација со парализирани лица кои не можат да говорат.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: