ТЕЛЕВИЗИЈАТА НА БОКИ 13 ВО СТЕЧАЈ: Судот отвори стечајна постапка
Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020
Граѓанскиот суд во Скопје утрово отвори стечај за 1ТВ.
Телевизијата зад која стоеше Бојан Јoвановски, попознат како Боки 13 и сега обвинет во случајот „Рекет“, од денеска е во стечај. Утрово, граѓанскиот суд во Скопје отвори стечај над 1ТВ, а за стечаен управник го назначи Ацо Петров. Тој го водеше и стечајот на А1 телевизија.
Вчера во судница водителката Лила Филиповска кажа дека му дала пари на Боки 13 за телевизијата.