ТЕМПЕРАТУРИТЕ ОДАТ И ДО 26 СТЕПЕНИ! Значително затоплување во земјава
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2025 06:30
Под влијание на продор на значително потопол воздух од југозапад, во Македонија следува период на значително потопло и променливо време со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Особено високи температури за овој период од годината очекувам во периодот од 24 до 27 октомври кога максималните дневни температури на воздухот во нашата Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. И во Скопје и околината температурата во погоре споменатиот период ќе надминува 20 степени, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Како што кажав и претходно времето ќе биде многу променливо со повремен локален дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. И во Скопје и околината ќе има услови за повремен локален слаб дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Поради ваквите нагли временски промени ќе имаме и значително неповолни биометеоролошки услови па така наглите температурни промени особено негативно ќе се одразат кај метеопатите кај кои е можна појава на позначителни здравствени проблеми па токму поради ова апелирам метеопатите да ги слушаат советите од својот лекар поради тоа што пред нас и тоа како се големи и нагли временски и температурни промени.
Следните утрини ќе почувствуваме дека и минималните температури се повисоки, односно и наутро ќе биде потопло“, истакна тој.
Можеби ќе ве интересира
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца




