Добивај вести на Viber
Поради најавата за осветување на темелите за изградба на црква, утрово жителите од муслиманска вероисповед го блокираа патот во струшкото село Октиси, со што ги спречија свештениците од МПЦ и донаторот на црквата да влезат во селото. Состојбата беше тензична, а полициски кордон ги разделуваше православните жители од една, исламските верници од другата страна.
Дури и самиот оџа утрото на ги повикувал своите верници да не дозволата црквата да никне во нивното село. Донаторот на црквата пак посочил дека сета документација е исправна и ги имаат добиено потребните документи.
На средбата во Октоси меѓу градоначалникот на Струга Зијадин Села и владиката Тимотеј, било договорено струшкото мувтиство, џамиските одбори и градоначалникот најдат решение, односно во петок да се договараат со претставниците на МПЦ што ќе се прави со црквата во ова село.
Владиката Тимотеј пред заминување од Октиси рече дека проблемот мора да се надмине преку политички дијалог. Како што пренесе порталот a1on.mk, луѓето се изманипулирани .
„Лично мислам дека е инволвирана некоја трета страна. Овие луѓе се изманипулирани од страна на некои радикални структури нешто што не е својствено на македонскиот ислам. Има ли радикален ислам во околината на овие села? Јас не сум стручњак да можам да тврдам дали има или нема, но мислам дела ова е плод на такво нешто. Црквата никогаш не употребувала сила и нема да употребува. Неоспорно е дека вие како жители на Октиси сте онеправдани, но зедовме обврска да работиме, да се сретнеме повторно и овој проблем кој подолго време тлее меѓу христијаните и муслиманите да го надминеме преку политички дијалог на демократски и достоинствен начин како што доликува и на муслиманите и на христијаните. Не можеме со сила да правиме убавина. Ова место нема да го загубиме“, додаде Тимотеј.
Октиси има 5.000 жители од кои 16 отсто се христијани, а 85 % муслимани. Проблемот со црквата е трае цела година.