ТЕПАЛ ФОКА: Македонец протеран од Хрватска на пет години
Објавено во: Стил
31 Јули, 2014 13:27
Добивај вести на Viber
Полициските службеници во Пула вчера уапсиле 56-годишен македонски државјанин заради вознемирување на средоземна фока. Туристите во Гортановиот залив во Пула ја набљудувале фоката која се наоѓала на плажата. Од масата се издвоил 56-годишниот Македонец, кој влегол во заградениот простор и неколкупати со рака ја удрил фоката по грбот во обид да ја избрка од плажата.
Малтретирањето на овие животни на хрватските плажи е забрането. Вознемирените туристи веднаш повикале полиција, која веднаш на македонскиот државјанин му изрекла парична казна од 1.500 куни (околу 200 евра) заради прекршување на Законот за заштита на природата.
Но, освен нехуманиот гест, полицајците дознале дека Македонецот ги нема потребните документи и во Хрватска престојува илегално. Тој веднаш бил уапсен и по спроведената криминалистичка истрага веднаш бил протеран од Хрватска на пет години.
Фоките се строго заштитен вид кој често ги посетува плажите во Пула, а полицијата ги предупредува граѓаните и туристите, заради сопствена и заради безбедноста на фоките да не им се приближуваат, да не ги допираат и да не ги удираат со камења, како и да не ги пуштаат во близина на своите домашни миленици.
Во поглед на паричната казна, Македонецот поминал дури лесно, бидејќи за вознемирување на средоземите фоки во Хрватска за физички лица се предвидени парични казни од 7.000 до 30.000 куни (од над 900 евра до речиси 4.000 евра).
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: