ТЕСТИРАНО ЕДНО ЛИЦЕ: Не е заразено со коронавирус
Објавено во: Македонија 12 Март, 2020
Лицето што утрово се тестираше на Инфективната клиника нема коронавирус.
Тестовите за коронавирус на лицето што утрово се јавило на Инфективната клиника во Скопје со висока температура се негативни, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата.
Жената која прва беше регистрирана дека е заразена со вирусот, два пати имаше негативни тестови, што значи дека го преброди опасниот вирус.
Во регионот веќе има и смртни случаи. Жени починаа во Албанија и Бугарија.