Добивај вести на Viber
Синоќа околу 3 часот, Тетовец наточил бензин за 4 илјади денари, по што избегал без да плати. Како што соопшти полицијата, ова се случувало на тетовската пумпа на Лук-оил“ , на улицата „Видое Смилевски - Бато“ кога дошло возилото од марката“Алфа Ромео“ од кое излегло непознато лице и од вработениот побарало да му наточи бензин. Тетовецот потоа влегол во продавницата, зел и три кутии цигари, по што изгегал во непознат правец.
Еден час подоцна, во близина на бензинската пумпа, бил забележан од полицијата која сакала да го легитимира, но лицето кое го управувало возилото на висок тон почнало да ги омаловажува и навредува, за на крај да ги нападне полицајците, стои во полицискиот извештај.
Тетовецот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.