20 Декември, 2025
0.0661

Тетово го тресе скандалот со фалсификуваните дипломи

Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2013 19:24

Добивај вести на Viber

Притвор од триесет дена за фалсификаторот, засилени контроли на Универзитетите, но и барање до властите на Италија да ги проверат лицата, на кои им биле доставени фалсификувните дипломи. Ова се мерките кои македонските власти ги преземаа неколку дена по откривањето на шест фалсификувани дипломи од сферата на медицината, а со името на Државниот универзитет од Тетово . Од Министерството за образование и наука посочија дека ќе проверуваат дали и некој друг изработува фалсификувани дипломи, а како што велат, решиле да воспостават ред во образованието. „Врз основа на оперативните сознанија кои ги имаме добиено од Министерството за внатрешни работи, станува збор за изолиран случај во Тетовско, каде што граѓанин фалсификувал дипломи за италијански граѓани за Државниот универзитет во Тетово. МВР во соработка со МОН ќе ја продолжи истрагата“, изјави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Во истрагата соработува и Државниот универзитет од Тетово. Според Ректорот, засега нема индиции дека во скандалот се вмешани вработени од оаа инстутуција. „Државниот универзитет во Тетово, успеа да го детектира фалсификувањето на дипломите, односно уверенијата за дипломи, со фалсификувани ознаки на Факултетот за медицински науки, кои воглавно носат имиња на италијански државјани. Како почеток, од наша страна беа превземени конкретни мерки за откривање на генезата на овој флагрантен фалсификат, со следење на ситуацијата на теренот скоро цела една година, и по разгледување на сите индикации и собирање на потребните докази, беа известени органите за внатрешни работи, секторот во Тетово, кои го истражиле случајот понатаму“, посочи  ректорот на ДУТ, Вулнет Амети. Во меѓувреме тетовската полиција испратила барање до италијанските власти, да проверат кој сакал да купува фалсификувана диплома во Тетово.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии