ТИЕ МОЖАТ ДА ГО НАПРАВАТ ОНА ШТО ГАДАФИ НЕ УСПЕА: Да го убијат доларот!
Објавено во: Економија 01 Април, 2018
Муамер Гадафи сакал да ја разбие доминацијата на американскиот долар на Блискиот исток но не успеал. Кина има прилика да го заврши она што го почнал тој, рекол еден експерт од индустрија за РТ.
„Идеите кои се однесуваат на трговијата со нафта а дека тоа да не е доларот, се појавуваа повеќе пати. Некои од нив биле суштински потиснати од страна на САД, како што била онаа на Гадафи, кој предложил воведување на регионален златен динар со кој би се тргувало со нафта на Блискиот исток“, рекол Александар Егоров , стратег за девизна стратегија.
Меѓутоа, овој пат обидот да се избрка доларот може да биде успешен.
Кина ги преземала првите чекори кон тоа увезената нафта да ја плаќа во јуани наместо во американски долари , а Пекинг го има она што Гадафи го немал, вели аналитичарот.
„Кина има се поголема улога во глобалната економија и се поголем интерес владее за јуанот. Може себе да си дозволи да го уништи монополот во трговијата со нафта. Освен тоа, кинеската економија е најголем потрошувач на нафта во светот и со самото тоа и останатите ќе мора да се усогласат со неа“, рекол Егоров.
Според аналитичарот, тајмингот за лансирање на петро-јуанот е совршен. Клучните нафташи Русија, Иран и Венецуела се под притисок на американските санкции, и добар е моментот да се откаже доларот во трговијата со нафта.